Спорт
Поранешниот вардарец прв кандидат за селектор на Србија

Помошникот на Раул Гонзалес од шампионкските години на Вардар, Давид Дејвис Камара, речиси сигурно ќе биде новиот селектор на ракометната репрезентација на Србија, тврдат медиумите во оваа земја.
Србите на почетокот на неделтата останаа без селектор откако по дебаклот на Европското првенство од функцијата се повлече Ненад Перуничиќ.
Дејвис бил фаворит кај челниците на Ракометниот сојуз на Србија Божидар Ѓурковиќ и Драган Шкрбиќ.
Дејвис самостојната тренерска кариера ја започна по заминувањето од Вардар, најпрвин како селектор на Русија, а потоа работеше и во Египет.
Шпанецот е актуелен тренер на Веспрем во чии редови играат Петар Ненадиќ и голманот Владимир Цупара.
Помали шанси од Дејвис, според српските медиуми имале неговите сонародници Антонио Карлос Ортега кој е тренер на Хановер и неговиот долгогодишен помошник Чави Сабате.
Србите шпекулираат со уште едно име она на Раул Гонзалес, но са него потенцираат дека како тренер на ПСЖ е „невозможна мисија“.
Доколку Србите се договорат со Дејвис, тој е биде првиот селектор-странец на кормилото на националниот тим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Јокиќ со трипл-дабл ја започна новата ера на Нагетс, емотивниот Дончиќ го растури „својот“ Далас

Кошаркарите на Денвер го победија Сакраменто со 124:116 и ја прекинаа серијата од четири порази во НБА лигата. Во исто време, Лука Дончиќ ги предводеше ЛА Лејкерс до победата во Далас 112:97.
Српскиот центар Никола Јокиќ имаше 20 поени, 12 скока и 11 асистенции, што е негов 32-ри трипл-дабл сезонава, во првиот натпревар на Нагетс откако тренерот Мајкл Мелоун доби отказ.
Кристијан Браун постигна 25 поени, Мајкл Портер и Арон Гордон по 21 поен, а Џејлен Пикет постигна 18 поени.
Во тимот на Сакраменто најефикасен беше Зек Левин со 27 поени и 11 скока, Демар Дерозан постигна 22 поени, Кион Елис 20, а Треј Лајлс додаде 17 поени и девет скока.
На два натпревари пред крајот на регуларниот дел од сезоната, Денвер е изедначен со Лос Анџелес Клиперс (48/32) на четвртото место во поредокот на Западната конференција. Сакраменто е деветти со 39/41.
Лука Дончиќ се врати во Далас, два ипол месеци по шокантниот трејд. Со солзи го гледаше видеото кое му го посветија Маверикс, солзи имаше и на трибините.
Словенецот немаше милост, постигна 45 поени, имаше осум скока, шест асистенции и четири украдени топки, Лејкерси победија во Тексас и останаа третопласирани во поредокот.
Леброн играше кога се решеваше мечот, постигна 13 од 27 поени во последниот период, кога Мавси успеаја да се вратат во мечот со серија од 15:2. Кај Далас Ентони Дејвис забележа 13 поени, 11 скока.
Мавси ќе ја завршат годината со негативен резултат, ќе влезат во плеј-ин, тие се десетти, но никој не им дава ни најмала шанса да се пласираат во плеј-офот.
Спорт
(Видео) Атомски фудбал во Барселона и Париз – Барса и ПСЖ зачекорија во полуфиналето

Барселона и ПСЖ се на чекор до полуфиналето во Лигата на шампионите. Вечерва во првите четврфинални натпревари Барселона ја победи Борусија со 4:0, а ПСЖ славеше над Астон Вила со 3.1.
Барселона на „Монжуик“ ја надигра Борусија, која своите шанси евентуално да извлече поволен резултат ги пропушти во првото полувреме.
Првиот дел и припадна на Барселона со 1:0, голот го постигна Рафиња, негов 12 сезонава во Лигата на шампионите.
Распадот на „милионерите“ од Дортмунд се случи во вториот дел. Ги нокаутира нивниот поранешен играч Левандовски со два гола во 48. и 60.минута, а точка на мечот стави Јамал во 74.минута.
Сличен натпревар беше виден и на „Паркот на принцовите“ во Париз со таа разлика што „светите си дозволија од нивна грешка први да примат гол. Роџерс погоди во 35.минута, но водството англискиот тим го имаше само четири минути кога со брилијантен гол изедначи Десире Дуе.
На стартот, од вториот дел нова магија, за 2:1 погоди Кварацхелија, во 49.минута, а точка на натпреварот стави Нуно Мендеш во 92.минута.
Реванш натпреварите на програмата се наредниот вторник.
Спорт
Ракометарките ги задржаа шансите за пласман на Мундијалот

Фото/ facebook.com/rfmofficial
Женската ракометна репрезентација на Македонија загуби во Полска со 22:18 во првиот бараж натпревар за пласман на Светското првенство.
Извонредните последни 10 минути ја оставија Македонија во игра за пласман на Мундијалот.
Полска го диктирраше ритамот на мечот, ја стекна првата сериозна предност со серија од три гола (8:4). До крајот на полувремето Послка постигна уште шшест,а Македонија четири гола (14:8).
По исто сценарио се одвиваше и вториот дел, Послак со мини серии ја зголемуваше предноста. Се чинеше дека Македонија ќе доживее дебакл кога стигна до двоцифрена предност (21:11, 22:12).
Сепак последните 12-13 минути апсолутно и приоаднаа на Македонија, со серија 6:0, за конечни 22:18 и надеж дека во Битола ќе може да се надополни негативата.