Црна хроника
Тепачка меѓу две групи кај „Чаирчанка“ поради долгови
Деветнаесетгодишен жител на скопското село Никиштане пријавил во полиција дека доцна синоќа кај место викано „Чаирчанка“ на ул.„Цветан Димов“, поради нерасчистени должничко доверителни односи и претходна расправија, пријавителот и Љ.Е, Р.С. и А.А. биле физички нападнати од Б.Ј, Е.Н и уште едно непознато лице, кои што во нападот употребиле нож, секира и копач.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Повторно насилство во „Идризово“: затвореник со тешки повреди заврши во болница
Нов случај на насилство помеѓу затвореници е забележан вчера во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.
Од полицијата велат дека се работи за физичка пресметка меѓу две групи на затвореници, а едно лице е тешко повредено.
„Осуденикот Х.Ф.(29) од Студеничани, Скопско, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница ‘8 Септември’ во Скопје“, велат од МВР, додавајќи дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Насилство во затворот имаше и пред два дена, кога осуденикот Ѓ.М.(43) од Скопје бил физички нападнат од осуденикот К.Ф.(40) од Гостивар.
Црна хроника
Син го нападнал својот татко во Карпош
Педесет и петгодишен маж бил нападнат од својот син во домот на подрачјето на Карпош.
Случајот бил пријавен во МВР во текот на вчерашниот ден.
Се преземаат мерки за негово расчистување.
Црна хроника
Maж најден починат во напуштен објект во центарот на Скопје
Во напуштен објект на подрачјето на Центар во Скопје било пронајдено починато машко лице, објави МВР.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт и извршен е увид.
Засега нема информации за идентитетот на мажот, ниту дали смртта е насилна. Телото на починатиот е дадено на обдукција.