Спорт
Зидан: Нема подобар тренер од Гвардиола

Реал Мадрид и Манчестер сити утре на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го одиграат првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите. Дуелот на второ пласираните екипи во своите национални првенства ќе биде привлечен и поради тренерската пресметка на Зинедин Зидан и Пеп Гвардиола.
Зидан е единствениот тренер што освоил три титули во низа (2016-2018), откако Лигата на шампионите се игра во овој формат. Гвардиола од друга страна има трофеј во ЛШ само со Барселона, со Баерн три пати стигнувал до полу-финалето, а со Сити крајниот домет му е четврт-финалето.
И покрај ваквата статистига Зидан смета дека неговиот колега од Сити е најдобриот тренер во светот.
„Да, Пеп како врвен тренер се докажал во Барсам Баерн и Сити. Постојат неколку тренери од светска класа, но јас мислам дека тој е најдобриот меѓу нив.Сепак ова нема да биде дуел помеѓу Зидан и Гвардиола, туку помеѓу Реал Мадрид и Манчестер сити.. На крајот навивачите ги интересира она што се случува на теренот, а таму се наоѓаат играчите, а не тренерите“, рекол Зидан.
Натпреварот Реал-Манчестер сити се игра во среда со почеток во 21 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Балотели: Жалам што не се трудев повеќе во кариерата

Марио Балотели (34), поранешен италијански репрезентативец, ја напушти Џенова откако му истече едногодишниот договор. Контроверзниот напаѓач одигра само шест натпревари во текот на минатата сезона. Денес е слободен играч кој бара нов клуб.
„Мојот сон беше да играм за Реал Мадрид. Денес само барам клуб кој ќе верува во мене. Сакам да играм уште две или три години. Потоа ќе одам кај мојот брат Енок. Тој сега игра за Вадо. Тоа е аматерски тим. Му ветив дека ќе ја завршам кариерата играјќи со него“, рече тој во интервју за „Газета дело Спорт“.
Тој зборуваше и за италијанската репрезентација, вели дека му е жал што не играл повеќе за Италија.
„По сè низ што поминав, мислам дека можев да се потрудам повеќе. Жал ми е што повеќе не играв во репрезентацијата. Некои луѓе дури и не ме сакаа во репрезентацијата, но тоа е минато. Сега селектор е Џенаро Гатузо. Му посакувам се најдобро. Тој е личност која дефинитивно ќе го даде својот максимум“, рече Балотели ден пред неговиот 35-ти роденден.
Балотели сега ќе го бара 12-от клуб во својата професионална кариера. Досега играл за Интер, Манчестер сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша, Монца, Адана Демирспор, Сион и Џенова.
Foto/ EPA/JEAN-CHRISTOPHE BOTT
Спорт
АЛ Хилал не смета на Митровиќ – Ќе му плати 25 милини евра за да замине

Најдобриот стрелец во историјата на српската фудбалска репрезентација, Александар Митровиќ, го напушта Ал Хилал. Со доаѓањето на уругвајскиот Дарвин Нуњез, тренерот Симоне Инзаги повеќе не смета на Митровиќ, а најдобро за сите би било ако српскиот напаѓач го напушти клубот.
Единствениот проблем е неговиот договор, според кој клубот мора да му плати уште 25 милиони евра. Според катарскиот весник Ал Кас, саудискиот клуб е подготвен да го исплати Митровиќ до последното евро ако го напушти тимот ова лето.
30-годишниот српски напаѓач пристигна во Саудиска Арабија пред две години од Фулам, во трансфер вреден 52 милиони евра според„ Трансфермаркт“. Потпиша договор на три години, со годишна плата од 25 милиони евра.
Одигра две сезони, а оваа ќе му биде трета. Играше многу добро и често постигнуваше голови. Во 79 настапи, има 68 гола и 15 асистенции за саудискиот клуб. Беше шампион на Саудиска Арабија со Ал Хилал.
Митровиќ го изгради своето име во Англија играјќи за Њукасл и Фулам. 30-годишниот напаѓач е најдобриот стрелец во историјата на српската репрезентација со 62 гола. Митровиќ не би требало да има проблем да најде нов клуб. Лидс, кој се врати во Премиер лигата оваа сезона, е заинтересиран за него.
Спорт
Суспендиран судијата Дејвид Кут

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) го суспендира поранешниот судија од Премиер лигата, Дејвид Кут, на два месеци.
Суспензијата му е изречена поради навредливи коментари за поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, објавени на социјалните мрежи.
ФА во соопштението наведува дека Кут изразил „длабоко каење“, признавајќи дека неговите коментари биле „груби и несоодветни“.
Кут (43) ќе мора да посетува образовен курс покрај суспензијата.
Во ноември минатата година, на интернет се појави видео во кое Кут зборува навредливо за националноста на германскиот тренер. Видеото е снимено во јули 2020 година додека Клоп го водеше Ливерпул.
Еден месец подоцна, Кут беше отпуштен од Премиер лигата, а набрзо беше суспендиран и од Европската фудбалска унија (УЕФА), поради видео на кое наводно се гледа како користи кокаин за време на Европското првенство.
Суспензијата на Кут од УЕФА истекува на 30 јуни 2026 година.
Фото/ Принтскрин
(Видео) Судијата во ПЛ суспендиран поради „Ливерпул е ср.ње, Клоп е пи..а“