Црна хроника
Сообраќајка во Арачиново – загина 22-годишен мотоциклист, а сопатникот е тешко повреден
Вчера во селото Арачиново, Скопско, се случи сообраќајна незгода во која почина 22-годишно момче.
Како што јавија од МВР, несреќата се случила помеѓу патничко моторно возило со кое управувал М.С.(43) од Арачиново и мотоцикл без регистарски ознаки, што го возел Х.Б.(22) од селото.
Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде што починал.
Сопатникот на мотоциклот, А.С.(26) од селото Арачиново, исто така, се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Просветен инспектор вршел психичко насилство врз наставничка во училиште во Муртино
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.З.(53) од село Добрејци, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.
Пријавениот, како државен просветен инспектор, на 15.10.2025, при вршење на инспекциски надзор во основно училиште „Маршал Тито“ с.Муртино, струмичко, извршил психичко насилство на наставничка во училиштето на тој начин што ѝ вршел притисок да напише изјава како што тој сакал, а откако напишала изјава која не била според неговите насоки, одбил да ја прими и ја фрлил во ходникот.
Црна хроника
19-годишник пронајден починат во неговиот дом во село Огњанци
Вчера во 15:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот во с.Огњанци, скопско, е пронајден починат Р.О.(19).
Полицијата информира дека лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Црна хроника
Го испрскале со пепер спреј па го нападнале: ограбен скопјанец
Синоќа во 19:00 часот во СВР Скопје, Ж.Ц.(34) од Скопје пријавил дека околу 18:00 часот на подрачјето на Карпош, три лица откако го испрскале со пепер спреј физички го нападнале и му го одзеле мобилниот телефон.
Полицијата соопшти декасе преземаат мерки за расчистување на случајот.

