Македонија
Спасовски: Членството на СДСМ расте, нови 200 члена во Петровец
Потпретседателот на СДСМ и премиер, Оливер Спасовски го отвори промотивниот штаб на СДСМ во Петровец, каде се поделија нови 200 членски книшки.
„Победници, социјалдемократки и социјалдемократи, пред нас е голема победа и најважна, победа која не носи во ЕУ и НАТО, победа против режимот на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Спасовски.
Спасовски се осврна на успешните реформи во последните 2.5 години.
„Покажавме што значи да се вети и да се исполни, За само 2.5 години направивме повеќе од што ВМРО-ДПМНЕ направи на кое било поле. За само 2.5 години исполнивме 90 отсто од програмата „План за живот“, со нас државата тргна на прав пат и парите се враќаат кај граѓаните“ додаде тој.
Спасовски истакна дека со СДСМ нема делење, имаме еднакви можности за сите, не е важно кој од каква етничка или религиозна припадност доаѓа, важно е дека сите се еднакви пред законот, важно е дека сите имаат еднакви можности, тоа е доказ дека го промовиравме и имплементиравме моделот на едно општество за сите.
„Економијата ја вративме на прав пат. Платите растат, пензиите растат, имаме рекорден број на странски инвестиции, субвенционираме придонеси на компаниите кои ќе покачат плата до 6.000 денари, го имплементиравме проектот „Мој ДДВ“ и покажавме и докажавме што значи парите да се враќаат назад кај граѓаните“.
Спасовски заклучи дека гласот за СДСМ на 12 април е глас за развој, интеграции, повеќе пари и силна економија наспроти глас за враќање во минатото и изолации што ВМРО-ДПМНЕ го нуди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски објави видео: Скопското Кале целосно исчистено и уредено
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео на своите официјални профили на социјалните мрежи, со порака дека скопското Кале е целосно исчистено и уредено.
Преку својата изјава, градоначалникот Ѓорѓиевски истакнува дека грижата за културното наследство и јавните простори останува еден од приоритетите на Град Скопје.
Тој потенцира дека Скопското Кале, како симбол и гордост на градот, заслужува континуирано внимание, одржување и заштита, со цел да се зачува неговата историска вредност и да се обезбеди пријатна и безбедна средина за сите посетители.
Од Град Скопје велат дека и во иднина ќе продолжат со активности насочени кон унапредување, одржување и промоција на културно-историските знаменитости во главниот град.
Македонија
Облачно со дожд и снег, магла по котлините – врнежливо и во наредните денови
Времето утре облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен прaвец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.
Во Скопје, облачно и магловито, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени.
До почетокот на следната седмица следува период на претежно облачно време со локални врнежи од дожд на пониските и дожд и снег на повисоките места.
Македонија
Средба Сали – Кочиу: Забрзување на ONE STOP SHOP и нов импулс за институционалната соработка меѓу Македонија и Албанија
Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оствари средба со министерката за внатрешни работи на Република Албанија, Албана Кочиу
За време на средбата беа разгледани билатералните односи меѓу двете држави, проектот ONE STOP SHOP, за кој се очекува во блиска иднина да започнат подготовките за имплементација, додека самата имплементација на системот се очекува да започне во летната сезона, како и можностите за продлабочување на меѓуинституционалната соработка и развојот на економските инвестиции.
Во овој контекст беше нагласена важноста на политичката и институционалната координација за реализација на стратешките проекти. Двете страни се согласија за интензивирање на дијалогот и секојдневната соработка меѓу надлежните институции, со цел унапредување на конкретните проекти кои го зајакнуваат партнерството меѓу двете земји и придонесуваат за стабилноста, економскиот развој и европската перспектива на регионот.

