Македонија
(Видео) Се тестира од коронавирус патник вратен од Италија пред една недела

Утрово патник кој од Италија се вратил во Струмица на 22 февруари пријавил дека има покачена температура.
Земен е материјал за анализа, а резултатите од тестот за коронавирус се очекуваат во текот на денот, рече министерот Венко Филипче.
„Патникот имал покачена температура, нешто над 37 степени“, рече министерот Филипче.
Двајца бугарски државјани кои работат во битолска фирма во земјава пријавиле дека биле во северна Италија, но не дале податок дали биле во директен контакт со заболени.
„Дадени им се совети да бидат дома, а оставени им се и телефоните на кои треба да се јават доколку почувствуваат симптоми за да не се движат во институциите“, рече министерот Филипче.
Единствената пациентка заболена од коронависрус сметена во одделот за изолација на Инфективната клиника е во стабилна состојба, без знаци на компликации и влегува во фаза на закрепнување, а министерот вели дека „добро оди“ и системот за изолација на луѓето со кои таа била во контакт.
Министерот Филипче дал предлог Владата да ги ограничи масовните јавни собири како превенција на вирусот во пресрет на карневалите во Струмица и во Прилеп, мерка која била договорена доцна синоѓа на состанок со Центарот за управување со кризи.
„Денес Владата ќе има седница специјално за оваа точка. По седницата ќе информираме за одлуката“, рече Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва

На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва. На Табановце кон Србија за влез и излез од државата се чека од 20 до 30 минути, а на граничните премини Дојран и Богородица кон Грција времето на чекање е до 15 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
Според утринските информации на АМСМ, сообраќајот на државните патишта надвор од градските средини е умерен.
Македонија
Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа три лица

Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа што синоќа се случи на патот Кичево – Гостивар во која загинаа три лица, а осум беа повредени.
Државното јавно обвинителство утринава соопшти дека од местото на несреќата подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телата на починатите се дадени на обдукција и дадена е наредба за испитување на евентуално присуство на алхокол или други супстанции кај повредените.
– По насоки на јавниот обвинител продолжуваат да се преземаат и други дејствија, информираат од Јавното обвинителство.
Македонија
Со протестен марш на семејствата, ќе се бара правда за настраданите во пожарот во Кочани

Во Кочани за денеска во 12:05 часот е најавен нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Ова е трет протестен марш што го одржуваат семејствата на настраданите по последниот одржан на 12 април.
Протестниот марш ќе започне од Градскиот парк во Кочани и ќе продолжи кон Општината и Министерството за внатрешни работи.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март загинаа 62 лица од кои тројца за време на лекувањето во странство, а 193 беа повредени. Дел од загинатите и повредените беа и членовите на бендот „ДНК“ кој настапуваше таа вечер. Со истрагата се опфатени над 60 физички и три правни лица.