Контакт

Економија

РКЕ и Електродистрибуција: Потрошувачите да изберат снабдувач на електрична енергија до 31 март

Објавено пред

Либерализацијата на пазарот на електрична енергија се одвива успешно, до сега вкупно 3.718 потрошувачи се излезени на слободниот пазар, компаниите добиваат пониски сметки, додека цената на електрична енергија за домаќинства е најевтина во Европа – соопшти Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Бислимоски заедно со членовите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги одржаа состанок со компаниите Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје и ЕВН Хоме ДОО Скопје со коишто потрошувачите имаат непосреден контакт поврзан со тековното и претстојното излегување на пазарот на слободниот пазар на електрична енергија.

„Либерализацијата донесе пониски сметки за компаниите што излегоа на слободниот пазар на електрична енергија. Да го споделам податок што го имаме од интернет-страницата – switch.mk која е агрегатор на понудите на компаниите снабдувачи, за LV2 категорија на приклучок со којашто се опфатени потрошувачите приклучени на 0,4kV напонско ниво, најниската понуда е за 29% пониска од понудата од универзалниот снабдувач. Во исто време воведувањето на универзалниот снабдувач се покажа како одличен модел за домаќинствата кој ја нуди најевтината цена. Во Република Северна Македонија цената на електрична енергија на домаќинствата е една од најниските во Европа“, изјави Бислимоски.

Според рокот пропишан во Законот за енергетика до 31 март оваа година на слободниот пазар со електрична енергија треба да излезат близу 2 500 правни субјекти – со што практично ќе се заокружи процесот на целосна либерализација.

„Ги повикувам останатите субјекти што ги исполнуваат условите, посебно им укажуваме и на јавни претпријатија во државна сопственост и во сопственост на општините да излезат на слободниот пазар согласно пропишаните рокови, а тоа е до 31 март. И РКЕ, како потрошувач што треба да излезе на слободниот пазар на електрична енергија, распиша јавен оглас за набавка на електрична енергија и за истата ја информиравме јавноста. Но она што сакам да потенцирам е дека водејќи се од начелото на транспарентност, тендерската документација е достапна на нашиот сајт и сите што треба да ја исполнат обврската во овој период може да им послужи како соодветен урнек и да ја преземат“, изјави Бислимоски.

Од 1 јануари 2019 година пазарот на електрична енергија е целосно либерализиран, но практично уште 2 474 потрошувачи треба до 31 март 2020 година да одберат снабдувач на електрична енергија. Во оваа последна фаза потрошувачите кои го исполнуваат условот да имаат просечен број на вработени во последните две пресметковни години поголем или еднаков на 50 или вкупен годишен приход поголем или еднаков на 2 милиони евра во денарска противвредност, согласно податоците добиени од Централен регистар на Република Северна Македонија мора да изберат снабдувач со електрична енергија.

На состанокот компаниите посочија дека потрошувачите навремено се информирани, но во периодот што престои уште еднаш ќе ги известат за обврската што ја имаат согласно Законот за енергетика и да излезат на слободниот пазар. На интернет-страницата на Електродистрибуција достапна е листата на потрошувачи што треба да излезат на слободниот пазар https://www.elektrodistribucija.mk/For-suppliers.aspx.

Економија

БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас

Објавено пред

Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.

dobivaj vesti na viber

На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.

На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.

Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.

Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз

Објавено пред

Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.

dobivaj vesti na viber

Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.

Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.

„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.

Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.

„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.

„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Економија

Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари

Објавено пред

Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.

dobivaj vesti na viber

Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.

Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.

Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа56 минути

Поранешен украински министер за надворешни работи: Војната нема да заврши кога Трамп ќе ја преземе власта

Поранешниот украински министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека не очекува брз крај на војната меѓу Украина и Русија...

Европа1 час

(Видео) Се запали руски патнички авион веднаш по слетувањето во Турција

Моторот на патнички авион од руско производство се запалил по слетувањето на аеродромот во Анталија во јужна Турција во неделата,...

Македонија14 часа

Фани Каранфилова-Пановска е новата заменичка-претседателка на СДСМ, следната недела ќе бидат избрани и останатите раководни тела

По завршување на 30. Конгрес на СДСМ, претседателот на партијата, Венко Филипче информираше за донесените одлуки, констатирајќи дека имало одлична...

Македонија15 часа

Oбјавени имињата на членовите на новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

На 30. Конгрес којшто се одржа денеска беше избран и новиот состав на Централниот одбор на СДСМ. „Новиот Централен одбор...

Македонија15 часа

(Видео) Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Новиот Централен одбор на СДСМ е сочинет од поединци кои се почитувани во својата заедница, кои знаат да го почитуваат...

Македонија17 часа

На 53-годишна возраст почина поранешниот градоначалник на Крива Паланка, Мицевски

Почина поранешниот градоначалник на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски. Тој имаше 53 години и беше градоначалник од 2017 до 2021...

Македонија18 часа

Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит, најави Мицкоски

„Од неколку од банките веќе имаме потврда и очекувам најголем дел од нив да застанат зад проектот и конечно 250-те...

Регион21 час

Трагедија на забава, еден загинат откако рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче во Хрватска

Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени...

Свет1 ден

Романците денес на избори, се зголемуваат шансите за победа на обожавателот на Трамп и противник на Украина

Романците гласаат во првиот круг од претседателските избори денес, а загриженоста за зголемените трошоци за живот му дава можност за...

Топ2 дена

Механичар пукал кон муштерија по расправија околу поправка на автомобил во Гостивар

Вербална расправија околу поправка на автомобил заврши со пукање во Гостивар. Механичар во текот на вчерашниот ден, со пиштол кој го...

Топ2 дена

Пукање во Арачиново од возило во движење, повредено едно лице

Попладнево дошло до престрелка во селото Арачиново, Скопско, пришто повредено е едно лице. Според информациите од МВР, околу во 14.50...

Македонија2 дена

„Влен“: ДУИ како во холивудско сценарио оркестрирала сензационално враќање на Груевски

Јавноста деновиве дозна шокантни детали за тоа како ДУИ, како во холивудско филмско сценарио го оркестрирала сензационалното враќање на поранешниот...

Македонија2 дена

(Видео) Ветрот направи повеќе штети во Битола: Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери

Делови од Македонија во последното деноноќие беа зафатени со невреме проследено со силен ветер, што причини штети во неколку региони...

Македонија2 дена

СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани

СДСМ објави дека најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски....

Свет2 дена

Трамп објави повеќе номинации за челните позиции во неговата идна администрација

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, најави нова серија назначувања во неговата претстојна администрација. Поранешниот финансиски менаџер на...

Свет2 дена

Зеленски: Украина работи на развој на нови видови воздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина работи на развој на нови видови воздушна одбрана за да се спротивстави...

Свет2 дена

Мелони: Налогот за апсење на Нетанјаху ќе биде тема на Г7, Израел и терористите не се исто

Италија планира да го разгледа налогот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на претстојниот...

Свет2 дена

Путин: Не постои средство за пресретнување на ракетата „Орешник“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ракетниот систем „Орешник“ не е средство за масовно уништување, туку високо прецизно оружје...

Македонија3 дена

Сиљановска-Давкова ја прими Шекеринска: Единството меѓу носителите на највисоките функции е клучот за успехот на државата

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на...

Македонија3 дена

Силниот ветер предизвика штети во Штип: оштетен покрив на училиште, паднати дрвја на повеќе локации

Силен ветар оштети дел од покрив на средното електро-машинско училиште во Штип, а дрво падна и во непосредна близина на...