Македонија
(Видео) Арсовски: Зоран Заев е еден истрошен и исплашен политичар
„На вчерашниот ТВ дуел кај Зоран Заев се виде еден истрошен и исплашен политичар кој треба да одговара за стореното и знае дека ќе одговара. Вчера видовме блед и дезориентиран политичар со истрошени тези и немање концепт и програма, човек кој е на крајот на својата политичка кариера и човек кој се служи со лаги, манипулирања и човек без чест и достоинство кој воопшто нема проблем да излаже само за да не се дознае вистината“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, вистината вчера за многу работи излезе на виделина и тоа директно од устата на Зоран Заев.
„Тој и самиот не верува дека ќе победи на изборите, па затоа побара вчера и техничка влада за по изборите, нешто што е невозможно. Никој нема да го спаси и амнестира Зоран Заев од криминалот што го сторил изминатите години.Заев е човек кој лаже и за среќа на граѓаните никогаш повеќе нема да имаат потреба да го видат и чујат после 12 април бидејќи доаѓа Обнова на Македонија.Заев е човекот кој заедно со СДСМ ја уништи и ја разнебити целата држава и ги разнебити клучните сегменти како економија, правосудство, образование, здравство, инфраструктура. Почитувани СДСМ изминативе години ги разочара граѓаните.
Вчера Заев призна дека преку телефон го ослободил судството, истото судство за кое се обиде целата јавност да ја излаже дека таткото на неговиот најблизок соработник Маричиќ е во пензија, за подоцна да признае дека е виш јавен обвинител. Заев го замени Сваровски судството со Луј Витон судство.Заев е човекот кој протестираше против своите Рената Дескоска, сопругата на Маричиќ, таткото на Бојан Маричиќ. Заев е човекот кој додека шири лажен морал се вози во тоа М. Заев е човекот кој наместо бројчаникот и да врати пари кај граѓаните, истите ти пари на граѓаните завршија во џебовите на неговите пајташи. Никогаш не им било полошо на граѓаните во Република Македонија.
Замислете, вчера Зоран Заев не се сеќаваше дали потпишал записник за пријавата за Рекет, а само неколку пати пред тоа има кажано дека пријавил за случајот по телефон, па усно, а и самата Вилма има кажано дека нема записник. Вчера повторно излажа. Лага до лага, затоа што треба да се испере улогата на Заеви во случајот Рекет.Зоран Заев се обидува да зборува за економија и енергетика, а доаѓа од партија која мисли само и единствено на бонбона бизнис, криминал во ТЕ-ТО и негово потесно семејство кое крадело струја во минатото. Толку е од познавањата на Зоран Заев за енергетиката.Сламката за спас овој пат на Зоран Заев е коалицијата со БЕСА, но за жал и таму во тој електорат е прочитана книга, бидејќи и албанците знаат дека само ги лаже и дека нема ни К од канализација во Арачиново и ниту еден вработен пилот од оние 300 кои ги вети. Затоа овојпат кога беше во Арачиново на посета кај граѓаните само 15 луѓе му дојдоа на средбата“, рече тој.
Според Арсовски, СДСМ и Заев водат капитулантска политика.
„На следните избори ќе победи ВМРО-ДПМНЕ бидејќи е единствената македонска политичка партија во Република Македонија која ќе настапи на изборите и затоа ги повикуваме и македонците и сите граѓани од останатите етнички заедници во Република Македонија, да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, да гласаат против Зоран Заев и СДСМ и конечно да му го покажеме местото на криминалот на Заев и СДСМ каде треба да се наоѓа. Да не дозволат да бидат изманипулирани уште еднаш од Зоран Заев и СДСМ.За крај и вчера и денес да повториме уште еднаш, да му порачаме уште еднаш на Зоран Заев после 12 април нема да има “трас трас без Заев не се може судство” и уште еднаш му порачуваме на Зоран Заев и СДСМ дека ќе одговара и он и сите околу него за целиот криминал кој што го направиле изминативе години.ВМРО-ДПМНЕ победува на 12 април и Христијан Мицкоски Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е иден Премиер на Република Македонија, тоа и вчера граѓаните го проценија на ТВ Дуелот, а верувајте после 12 април следува Обнова на Македонија, додаде Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Хуманост на дело, за само шест часа собрани 3,1 милиони денари за лекувањето на малата Ана
Кампањата за лекување на осумгодишната Ана Јованчева официјално е затворена, откако за само шест часа беа собрани 3,1 милиони денари, објави доктор Ненад Лазаров.
Станува збор за една од најбрзите и најмасовни хуманитарни акции во последниот период, со што целосно се обезбедени средствата потребни за хируршката интервенција и лекувањето во странство. Со ова, како што посочи Лазаров, семејството на Ана е барем финансиски растоварено во најтешкиот период од нивниот живот.
Ана има дијагностициран редок и исклучително агресивен тумор на синусите – Tu Foss pterygopalatina Sinus sphenodalis lat dex et orbitae lat dex, со зафатена орбита. Дијагнозата е потврдена во Хрватска, каде што се бара специјализиран хирург за изведување на сложената и деликатна операција.
Болеста е сериозна и со висок ризик, а времето беше клучен фактор, поради што кампањата беше означена како најитна досега. Масовниот одѕив на граѓаните за неколку часа покажа силна солидарност и сплотеност кога е во прашање животот на дете.
„Секоја среќа ти посакуваме, Ана. Цела држава стана за тебе“, порача Лазаров, додавајќи дека поддршката за девојчето и нејзините родители ќе продолжи и во наредниот период.
Македонија
Љубов или вино: што навистина славиме на 14 февруари?
Секој 14 февруари, истата ситуација – некои го препознаваат само Свети Трифун, додека други го сметаат Свети Валентин, или Денот на вљубените, за поинтересен. За други, единственото нешто што е важно е да се забавуваат на тој ден.
Најмногу профитираат трговците и угостителите, на кои не им требаше многу за да ја спојат романтиката со добро вино и да најдат начин да заработат добри пари на тој празник. Сепак, повеќето луѓе всушност знаат малку за светците кои ја предизвикале целата расправија, како и за тоа како дошло до тоа Денот на вљубените и Фестивалот на виното да „паѓаат“ на ист ден.На тој 14 февруари, има двајца светци – едниот кој има многу долга традиција и е почитуван со векови, а другиот, понов кој, преку медиумите, стана глобален феномен надвор од христијанските земји.
Може ли Свети Трифун да се заљуби, а Свети Валентин да се опие?
Прво, зборуваме за два сосема различни светци кои ги почитуваат и православната и католичката црква. Свети Трифун, како светец-заштитник на лозарите и винарите, не може да биде замена за Свети Валентин, ниту обратно. Католичката црква го слави Свети Трифун, но на 10 ноември. Од друга страна, православната црква на Свети Валентин се сеќава на 12 август. Сепак, никој тогаш дури и не помислува на Денот на вљубените, бидејќи Денот на вљубените на 14 февруари стана глобален феномен.Свети Трифун живеел во 3 век од н.е. во Мала Азија. Легендата вели дека имал чудотворен дар за лекување и дека успеал да ја излечи ќерката на римскиот император Гордиј „од зол дух“. Тој ги делел богатите кралски подароци на сиромашните и живеел како скромен чувар на гуски до крајот на својот живот. За време на големиот прогон, тој одбил да се откаже од Христос, поради што бил убиен во 250 година од н.е. на овој ден. Свети Валентин живеел некаде околу тоа време. Тој го посветил својот живот на тајно женење на војници, на кои им било забрането да основаат семејство, со нивните избрани жени. Поради оваа помош на заљубените парови, Валентин бил обезглавен во 269 година.
И што да се слави денес?
Благодарение на Холивуд и добриот маркетинг, Денот на вљубените стана глобален феномен, а подарувањето бомбони, срца и други посебни подароци на саканата личност на крајот се прошири и во Србија. Сепак, има и такви кои сè уште го „препознаваат“ само Свети Трифун како празник. На која било група да припаѓате, имаме совет за вас – Прегрнете некого што го сакате… Отворете шише добро вино… И уживајте во животот.
Македонија
Изменет сообраќаен режим поради Задушница
Поради верскиот празник Задушница денеска од 6:00 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје информираат дека сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока, односно кружно. Сите возила ќе се упатуваат по улица „Бутелска”, лево по улица „Александар Урдаревски”, лево по улица „Боца Иванова” и десно до влезот на гробиштата Бутел. За излез, возилата ќе се движат десно по улица „Боца Иванова”, до кружниот тек на улица „Бутелска”, па лево по улица „Бутелска” и десно по улица „Кемал Сејфула”.
Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

