Топ
Повредена жена почина во болница – шеста жртва од експлозијата во Романовце

Шеесет и три-годишна жена која беше меѓу повредените во експлозијата на плинска боца што се случи минатиот викенд во кумановското село Романовце, во болница им подлегнала на повредите, потврдија од Клиниката за Tрауматологија и интензивно лекување.
Со овој смртен случај бројката на жртви во експлозијата се искачи на шест лица.
На самото место на несреќата што се случи на 23 февруари загинаа три деца на осум, девет и 11 години.
Подоцна во болница почина и 58-годишен маж, а пред три дена на здобиените повреди им подлегна и 36-годишна жена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити во Чаир, Касами во Тетово, Бакиу во Скопје – ВЛЕН ги објави кандидатите за градоначалници

Централното претседателство на ВЛЕН ги избра кандидатите за претстојните локални избори. Во Тетово за нов мандат ќе се бори актуелниот градоначалник, Билал Касами. Во Чаир, ќе се кандидира првиот вицепремиер, Изет Меџити, а во Струга, ВЛЕН го поддржува независниот кандидат Менди Ќира.
Во Кичево ќе го кандидира министерот за Социјална политика, Фатмир Лимани, во Дебар кандидат на ВЛЕН ќе биде заменик-директорот на Управата за јавни приходи, Фисник Мела.
Во Градот Скопје, ВЛЕН го предлага директорот на Дирекцијата за општи услуги во Универзитетскиот клинички центар во Скопјe, Башким Бакиу.
Во Сарај, кандидат на ВЛЕН ќе биде директорот на претпријатието „Номагас“, Мухамед Елмази, во Липково директорот на Државните резерви на нафта, Неџмедин Садику, во Арачиново ВЛЕН ќе настапи со Даут Беќири.
Во Желино актуелниот градоначалник на оваа општина, Блерим Сејдиу, во Теарце ќе се кандидира директорот на Бирото за регионален развој, Даут Мемиши, во Боговина, ВЛЕН го кандидира Фети Абази, во Брвеница директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Хаќим Рамадани и во Долнени, ВЛЕН ќе се кандидира со наставникот Блерим Ислами од село Цернилиште.
Од ВЛЕН велат дека сè уште нема конечна одлука за кандидатите за општините Гостивар, Врапчиште, Студеничани и Чашка и дека во разговори се со неколку кандидати.
„Тука нагласуваме дека сите овие се кандидати на ВЛЕН и, како што претходно одлучивме, ниту еден од нив не се кандидира под партиско лого. Всушност, освен што се кандидати на ВЛЕН и идни градоначалници на општини, тие ќе бидат слуги на сите граѓани без оглед на етничката, религиозната и политичката припадност“, велат од ВЛЕН.
Топ
Браќа од Струшко нападнале семејство во возило во кое имало и деца, ја удирале жената со боксови и клоци

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против две лица за кривично дело – Насилство.
Двајцата браќа, по потекло од струшко, а со привремено живеалиште во Швајцарија, на 30 јули на локалниот пат меѓу селата Горно Татеши и Добовјани, со автомобил со швајцарски регистарски ознаки го попречиле патот на струшко комбе во кое се превезувало семејство – маж, жена и две малолетни деца.
Веднаш започнале да се закануваат и агресивно да се однесуваат, излегле од автомобилот и се упатиле кон возачот на комбето. Со сила го повлекле подотвореното стакло на возачката врата и го скршиле. Парчиња од стаклото ја расекле по раката жената која излегла од комбето во обид да ја смири ситуацијата. Дополнително, осомничените и нанеле и телесни повреди со удари со боксови и клоци по главата и телото. Си заминале откако жената се заканила дека ќе повика полиција.
Поради опасност од бегство, особено имајќи предвид дека двајцата имаат привремено престојувалиште во странство, а исто така и поради ризикот и изложеноста на оштетеното семејство повторно да им биде загрозена сигурноста, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничените браќа, со цел да го обезбеди нивното присуство во текот на постапката и да спречи повторување на насилството.
Македонија
Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

Висар Ганиу лаже, фалсификува, злоупотребува и им овозможува на трети лица да се богатат преку градење згради сега, а кои ги претставува дека се градени до 2011, за да избегнат плаќање комуналии на Град Скопје, пишува во објава на социјалните мрежи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за градоначалникот на Чаир.
„Бидејќи сака да спинува со дивоградби, кои ги наследил од 2011, кажете му дека еве оваа дивоградба не му е наследена од баба му, се гради сега на земјиште на РМ“, вели Арсовска.
Посочува дека Ганиу нема платено ниту денар комуналии, со што, според неа, е оштетен буџетот на Градот и дополнително ги зголемува стравот и несигурноста на чаирчани од неговите небезбедни згради.
„Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија. Не знам само дали ќе му дозволат на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да ги види“, подвлекува Арсовска.