Спорт
Вотфорд го најде лекот за Ливерпул, ништо од рекордот на Арсенал
Заврши серијата без пораз на Ливерпул, и тоа кај тимот на Вотфорд.
„Црвените“ доживеаја убедлив пораз (3-0), првпат по 44 натпревари. Пропаѓа во вода бркањето на рекордот на Арсенал кој ја освои Премиерлигата без ниту еден сезонски пораз, во 49 меча во низа.

За последниве две недели, денешниов беше втор пораз за избраниците на Јирген Клоп по оние 1-0 од Атлетико во Мадрид.
Првото полувреме на „Викариџ Роуд“ заврши без постигнат погодок. Возбудувањата следуваа во вторите 45 минути.
Исмаил Сар со два гола за само 6 минути, во 54 и 60 минута го најави големиот триумф, а додека играчите на Ливерпул се обидуваа да се соземат од шокот, капитенот Дини погоди во 72 минута за високи 3-0. На третиот гол на Вотфорд му кумуваше голема грешка на Александер-Арнолд.
И покрај поразот Ливерпул е апсолутен лидер на табелата, со 22 бода повеќе од второпласираниот Манчестер Сити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Винисиус ќе го продолжи договорот со Реал
Преговорите меѓу Реал Мадрид и Винисиус Жуниор течат во позитивна насока. Како што објави „Ас“, крилниот напаѓач наскоро ќе потпише нов договор со „Кралскиот клуб“.
Преговорите, кои во еден момент замреа се поместија од „мртвата точка“. Винисиус беше незадоволен од третманот што го има и од финансиските услови. Се шпекулираше дека сигурно ќе го напушти Мадрид, пред сè поради примамливата покана од Саудиска Арабија.
Договорот на Винисиус истекува во летото 2027 година, и се очекува дека продолжувањето на соработката официјално ќе биде објавено наскоро, бидејќи дури и Реал тешко може да си дозволи да го изгуби еден од најдобрите играчи на планетата.
Спорт
Норис пред Ферстапен во квалификациите, Пјастри уште еднаш потфрли
Возачот на Мекларен и лидер во генералниот пласман на возачи, Ландо Норис, го обезбеди првото место на стартната линија за Големата награда на Лас Вегас.
Британецот ја запре штоперицата на 1:47.934, а интересно е што во Невада во ноќта од петок кон сабота врнеше околу 20 минути пред почетокот на квалификациите, па влажниот автодром им ги отежна квалификациите на возачите.
Поројниот дожд престана пред почетокот на првиот дел од квалификациите, па речиси сите возачи (освен Габриел Бортолето и Оскар Пјастри, кои излегоа со „сините“ гуми) возе со „зелените“, интермедија пневматици.
Возачите почнаа да наоѓаат ритам дури во последната фаза од почетниот сегмент, а беа забележани два инцидента – Оливер Берман од Хас удри во ѕидот затоа што не успеа да закочи пред зоната за запирање, иако Британецот успеа да продолжи со натпреварувањето, додека Александар Албон го оштети предното тркало на болидот на Вилијамс, а подвиг е како Тајланѓанецот стигна до боксот.
Макс Ферстапен ќе стартува во првиот ред со Норис, а четирикратниот шампион по ред и бранител на титулата беше 0,323 секунди побавен од својот главен ривал за титулата кај возачите оваа сезона.
Зад возачот на Ред Бул е Шпанецот Карлос Саинц, а возачот на Вилијамс е одвоен само за 39 илјадити делови од Холанѓанецот, додека Џорџ Расел од Мерцедес е четврти, кој е 0,869 секунди зад сонародникот Норис.
Претендентот за титулата, колегата на Норис од Мекларен, Оскар Ојастри ќе стартува од петтото место, до него во третиот ред е Лијам Лосон од Рејсинг Булс.
Трката за Големата награда на Лас Вегас ќе се вози в недела со почеток во 5 часот по македонско време.
It's Lando Norris and Max Verstappen on the front row, with Carlos Sainz in P3! 🙌
Here's the full classification from Qualifying ⬇️#F1 #LasVegasGP pic.twitter.com/cb26Pv3TM4
— Formula 1 (@F1) November 22, 2025
Спорт
(Видео) Дабл-дабл на Јокиќ и триумф на Денвер во Хјустон
Денвер Нагетс славеа во дербито на вечерта во Хјустон со 112:109. Блескаше Никола Јокиќ со 34 поени, 10 скокови и девет асистенции. Денвер со 12 победи и три порази се втори на табелата во Западната конференција, Хјустон со 10 победи и четири порази се на шестото место.
Натпреварот во Хјустон го реши Џамал Мареј, во трилер завршницата постигна седум од последните 11 поени на Денвер, а точка на победата стави Јокиќ на 2,7 секунди до крајот од линијата за слободни фрлања.
NIKOLA JOKIC RISE UP. 😤
— Hoop Central (@TheHoopCentral) November 22, 2025
Покрај Јокиќ, Мареј се истакна со 26 поени и 10 асистенции, а двоцифрене ефект имаа и Тим Хардавеј (12) и Брус Браун 10 поени.
На спротивната страна, Рид Шеферд беше најистакнат со 27 поени, Ајмен Томпсон со 22 поени и седум скока и Џабари Смит со 21 поен.
Потфрлија најголемите ѕвезди на Хјустон, Алперен Шенгун со само 14 поени (6/14 од поле, 0/1 за три и 2/3 од поле) со пет скока и шест асистенции и Кевин Дурант со 13 поени.
Резултати:
Кливленд – Индијана 120:109
/Мичел 32 – Нембхард 32/
Бостон – Бруклин 105:113
/Браун 26 – Портер Џуниор 33/
Торонто – Вашингтон 140:110
/Инграм 24, Барет 24 – Меколум 20/
Чикаго – Мајами 107:143
/Досумну 23 – Вер 20/
Далас – Њу Орлеанс 118:115
/Флег 29 – Марфи 25/
Финикс – Минесота 114:113
/Брукс 22 – Едвардс 41/
Голден Стејт – Портланд 123:127
/Кари 38 – Авдија 26/
Јута – Оклахома 112:144
/Георд 20 – Гилџес Александер 31/

