Спорт
МЗТ го доби 151. вечно дерби против Работнички, за жал без публика

МЗТ Скопје стигна до драматична 92:90 (21:22, 25:33, 24:18, 22:17) победа над вечниот ривал Работнички во дуелот од 16. коло од Првата лига, во меч кој беше одлучен во самиот финиш, а кој за жал се играше без публика поради опасноста од корона вирусот.
Работнички имаше водство во текот на првото полувреме, кое го добија со 55:46, но не успеаја да се одвојат резултатски, пред „металците“ да ја добијат третата четвртина за израмнување. Работнички имаше 86:81 водство на три и пол минути пред крајот, но МЗТ се врати, пред Дамјан Стојановски да ги погоди клучните поени за победа.
Стојановски беше најефикасен со 23 поени кај МЗТ, додека за Работнички најдобар беше Питс со 21 поен.
Фото: КК МЗТ Скопје
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мбапе неизвесен за првиот меч на Реал на клупскиот Мундијал
Под знак прашалник е настапот на напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе за натпреварот против Ал-Хилал на Светското клупско првенство.
Килијан Мбапе го пропушти последниот тренинг на Реал поради болест. Според шпанскиот печат, Мбапе се разбудил со висока температура. Иако официјално не е исклучен, се шпекулира дека францускиот напаѓач би можел да го пропушти натпреварот на стадионот „Хард Рок“ во Мајами.
Потенцијалното отсуство на Мбапе го става новиот тренер Чаби Алонсо во дилема кој ќе го предводи нападот. Бразилскиот тинејџер Ендрик, кој можеше да биде алтернатива не е во тимот поради повреда на мускулот заработена против Севилја минатиот месец.
Мбапе беше клучен за Реал Мадрид оваа сезона, постигна 31 гол во Ла Лига, а вкупно 43 гола во 56 настапи.
Реал Мадрид влегува на турнирот како еден од фаворитите, а покрај Ал-Хилал, во групата Х ќе играат и РБ Салцбург и Пачука.
Спорт
Шампионот ја отвора сезоната, во првото коло дербито е помеѓу Јунајтед и Арсенал

Англиската Премиер лига го објави распоредот на натпреварите за следната сезона, која започнува на 15 август.
Сезоната ќе ја отворат Ливерпул и Борнмут, во петок, 15 август на Енфилд од 21:00 часот. Првото коло ќе се игра во сабота, недела и понеделник, а дербито ќе го одиграат Манчестер јунајтед и Арсенал на „Олд Трафорд“ (17 август, 17:30 часот).
Манчестер сити ја отвора сезоната со гостување во Вулверхемптон, Челзи ќе биде домаќин на Кристал Палас.
Во првото коло, Евертон нема да игра на својот нов стадион, туку гостува кај Лидс. Во второто коло, „карамелите“ ќе играат за прв пат пред навивачите на новиот стадион и тоа против Брајтон (23 август, 16:00 часот). Во второто коло дербито е Манчестер сити – Тотенхем.
Во третото коло, Ливерпул ќе се сретне со Арсенал, а првото манчестерско дерби во новата сезона е закажано за 13 септември, домаќин ќе биде Сити.
Само седум дена подоцна, „граѓаните“ ќе гостуваат кај Арсенал, а истиот ден, дербито на Ливерпул ќе се игра на „Енфилд“.
Најголемото англиско дерби, прво во новата сезона, ќе се игра на „Енфилд“ на 18 октомври во 16 часот, а првиот дуел помеѓу Сити и Ливерпул оваа година ќе се игра во Манчестер на 8 ноември.
Целосниот распоред ќе го најдете ТУКА.
Спорт
„Грилиш мора да ја врати страста кон фудбалот“

Џек Грилиш мора повторно да ја открие својата страст кон фудбалот ако се надева дека повторно ќе игра, изјави менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, на прес-конференција во Филаделфија.
Манчестер сити го отвора клупскиот Мундијал ќе го отвори против Видад Казабланка, а Гвардиола на новинарите им откри зошто Грилиш не е со тимот во САД.
„Џек е исклучителен играч, но решивме дека е подобро за него да остане во Англија и да има место каде што може повторно да открие каков беше во годината кога ја освои тројната круна или во текот на целата кариера во Астон Вила“, објасни шпанскиот стручњак.
Грилиш пристигна во Сити во летото 2021 година од Астон Вила за 117 милиони евра, а се истакна со освојувањето на Лигата на шампионите, Премиер лигата и ФА Купот во 2023 година. Во последните две сезони, тој постигна само четири гола во лигата, а во сезоната што штотуку заврши, имаше само 16 настапи во сите натпреварувања.
„Без него, ќе беше потешко да се постигне она што го постигнавме, но факт е дека во последните две сезони не играше многу минути. Мора да му се врати на фудбалот и да има пеперутки во стомакот дека сака да игра на секои три дена“, истакна Гвардиола.
Грилиш неодамна беше критикуван за неговиот екстравагантен начин на живот и се шпекулира дека неговата иднина на „Етихад“ е под знак прашалник. Тој е под договор до летото 2027 година, а неговата пазарна вредност денес е 28 милиони евра.