Регион
Грција ги суспендира новите барања за азил

Грција ги суспендира новите барања за азил во следниот месец наведувајќи дека веднаш ќе ги врати сите што илегално влегуваат во земјата по отворањето на границите од страна на Турција за мигрантите што сакаат да влезат во Европската Унија, пренесува Би-би-си.
Грчките власти велат дека спречиле речиси 10.000 мигранти да ја преминат границата со Турција.
Грчкиот премиер Кирјакос Микотакис рече дека Грција го зголемила нивото на одвраќање на границите до максимум.
Грција соопшти дека се соочува со сериозна закана од илјадници мигранти на нејзините граници бидејќи Турција им дозволува да се движат.
„Во овие услови сегашната состојба е активна и претставува сериозна закана за националната безбедност на Грција“, рече портпаролот на грчката влада, Стелиос Пекас.
Според него, Турција го охрабрува ваквото движење на мигрантите, пренесува „Ројтерс“.
Бидејќи Анкара објави дека повеќе нема да го спречува движењето на мигрантите во ЕУ, голем број луѓе се собраа на границата со Грција, каде што дојде до инциденти кога грчката полиција употреби солзавец против мигрантите.
Синоќа грчката влада објави дека биле спречени 9.972 лица да влезат од Турција и дека се уапсени 73 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Маж фрли молотов коктел врз Куќата на цвеќето, го фати обезбедувањето

Белградската полиција го уапси 55-гпдишниот Г.М. под сомнение дека фрлил молотов коктел врз Куќата на цвеќето, објави српски Телеграф. По наредба на обвинителството, му е одреден притвор до 48 часа.
Тој е осомничен дека се обидел да го запали Музејот „25 Мај“, местото каде што е погребан поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, околу 6 часот утрово.
Човекот е уапсен по интервенцијата на полицијата. Нема повредени.
Пожарот ја оштетил влезната врата од Куќата на цвеќето. Според Телеграф, полицијата била повикана од обезбедувач. Тој пријавил дека еден човек дошол пред Музејот, најверојатно држејќи молотов коктел, и се заканувал дека ќе ја запали зградата.
„Се приближил до зградата и фрлил запалива течност. За среќа, обезбедувачот го фатил и ја повикал полицијата“, пишува Телеграф.
Неофицијално, се дознава дека човекот при апсењето рекол дека сакал да го запали „усташкото гнездо“.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Изгоре луксузна јахта во Будва: сопственикот бил на бродот кога избувнал пожарот

Црногорските противпожарни екипи го изгасија пожарот што избувна на јахта во марината во Будва.
Ова за црногорски „Вијести“ го потврди и раководителот на Службата за заштита и спасување на Будва.
Полициската управа соопшти дека околу 20:15 часот во неделата, полицијата во Будва била известена од сопственикот на јахта закотвена во пристаништето во Будва дека избувнал пожар додека сопственикот бил на бродот.
Јахтата е во сопственост на бизнисменот Б. М., а полицијата објави дека сопственикот на јахтата рекол дека пожарот најверојатно се случил поради дефект.
Пловилото било извлечено од пристаништето откако избувна пожарот кратко по 20 часот, заради безбедност на другите бродови. Седум екипи беа ангажирани за гаснење на пожарот.
фото: принтскрин
Регион
Турист почина кај Неа Врасна, бил извлечен од морето

61-годишен државјанин на Србија трагично почина во морската област Неа Врасна во близина на Солун.
Мажот бил извлечен во бесознание од морето денес напладне. Според соопштението на крајбрежната стража, тимот за итни случаи на ЕКАБ веднаш му укажал прва помош, но без успех, по што телото било префрлено во Здравствениот центар Неа Мадита.
Прелиминарната истрага ја води Вториот оддел на пристаништето Ставрос на пристанишната управа на Јерисос, кој нареди обдукција за да се утврди точната причина за смртта, пренесува „Прототема“.