Контакт

Свет

Следниот потег на Орбан – подјармување на судовите

Објавено пред

Виктор Орбан ја носи својата кампања за целосна контрола на Унгарија на ново ниво. Унгарскиот премиер најави минатиот месец дека неговата влада ќе блокира судска одлука со која се обесштетуваат ромски жртви на училишна сегрегација во градот Ѓенѓеспата, пишува „Политико“.

dobivaj vesti na viber

Орбан тврди дека Унгарците никогаш нема да прифатат да даваат пари за ништо и дека вистинските жртви се неромските ученици во градот.

Импликациите од најавата на Орбан оди подалеку од судбината на Ромите во Ѓенѓеспата или во остатокот од Унгарија.

Орбановата владејачка партија Фидес, ранета од победите на опозицијата во Будимпешта и на други важни места на неодамнешните избори, сега е загрижена дека би можела да ја загуби власта. Орбан и Фидес досега се задоволуваа со играњето на картата на надворешни непријатели – ЕУ, Сорос, мигрантите – за да ја зајакнат својата контрола на сите нивоа на моќ, но сега создаваат непријатели од сопствените граѓани, а поттикнувањето антиромски расизам е можеби најлесниот метод што би можеле да го изберат.

Оваа срамна епизода ќе биде показател за тоа колку далеку ќе оди режимот за да ја задржи контролата врз Унгарија. Орбан во суштина вели дека секојпат кога жртвите на незаконски или кривични дела ќе победат на суд, владата ќе утврди дали одлуката е исправна, дали треба да има отштета и како треба да се додели таа.

Кога режимот ќе направи преседан за подјармување на судовите, секој што не им е по волја на оние на власт, ќе нема права, а тие што им се по волја, дури и ако се криминалци, ќе бидат заштитени.

Орбан најави планови и за одржување национални консултации за пресудата за отштета од судот – тактика што ја користеше и претходно за дискредитација на Џорџ Сорос. За возврат, ромските граѓански лидери организираа мирен протест на улиците на Будимпешта барајќи од владата да ги почитува правата на Ромите.

Потезите на режимот се производ на страв од губење на власта. По една деценија под Орбан, унгарските граѓани почнуваат да поставуваат прашања што владата претпочита да не ги одговара: Зошто историски голем број Унгарци ја напуштија земјата? Со што заслужиле Унгарците нагло влошување на услугите во јавното здравство? Со што заслужиле унгарските деца образовен систем, кој во последната деценија се спушти од 37. на 96. место од 138 земји рангирани од Светскиот економски форум?

И, така, режимот сега користи дел од стратегиите на крајнодесничарската унгарска партија Јобик, која се обидуваше да изгради моќ со напаѓање на Ромите.

Јобик ги креира тие стратегии пред речиси една деценија користејќи ги гневот и вознемиреноста создадени од финансиската криза и правејќи жртвени јагниња од Ромите со нивно туркање во вкоренетите стереотипи. Овие потези предизвикаа омраза кон Ромите и поттикнаа создавање униформирани паравоени сили, кои маршираа низ ромските заедници, и убиства на Роми.

Во европскиот начин на живеење нема место за омразата, а методите на Орбан се уште позастрашувачки со оглед на крајнодесничарската закана, која се крева околу него.

„Расизмот е отров“, рече германската канцеларка Ангела Меркел по последниот крајнодесничарски терористички напад во нејзината земја, во кој загинаа 10 лица во Ханау – од кои неколкумина, наводно, биле Роми. А сепак, кога станува збор за Унгарија, постапките на Меркел ги демантираат нејзините зборови. Меркел и нејзината ЦДУ, како и Европската народна партија, сè уште соработуваат со Орбан и овозможуваат ЕУ да продолжи да финансира режим што игра со истиот отров што доведе до трагедијата во Ханау.

Ова им дава на членовите на германската политичка и индустриска елита мотивација да работат со и во Унгарија – ефикасно овозможување на авторитарната кампања на омраза на Орбан.

Многу може да се стори за да се промени ова додека сè уште има средства. Првин треба да се замени политичкото лицемерство со морална јасност. И Орбан и крајнодесничарските терористи тврдат дека штитат начин на живеење – исто како и новата Европската комисија, која првпат вклучува комесар за промовирање на европскиот начин на живеење.

Европските лидери мора да појаснат дека нивната дефиниција за европски начин на живеење не е иста како онаа што ја промовираат Орбан и неговите истомисленици, како италијанскиот лидер на десницата, Матео Салвини. Политичките лидери мора да одговорат на крајнодесничарскиот тероризам со истата моќ и одлучност што ги користат против тероризмот извршен од име на исламот.

Крајнодесничарскиот тероризам тројно се зголеми во последните пет години. Дебатите за политиката на ЕУ мора да ја вклучат расистичката политика која поттикнува терор. Освен тоа, ЕПП мора да ја исклучи Фидес од семејството, а ЕУ треба да престане да ја финансира корумпираната и расистичка машина на Фидес. Ако не се преземат вакви активности, зборовите нема да имаат никакво значење кога ќе се случат следните убиства.

Свет

Лекот за третман на рак веќе почна да се користи во болниците во Русија

Објавено пред

Рускиот лек „Ракурс 223Ра“ за третман на рак веќе се појави во болниците, објави денес Руската федерална медицинска и биолошка агенција.

dobivaj vesti na viber

Како што е наведено, лекот веќе е регистриран и одобрен за употреба во клиничката онкологија, а првата серија е доставена до медицинските установи, пренесува РИА Новости.

Лекот е развиен во Димитровград и е базиран на радионуклидот радиум-223, кој првенствено се користи за контрола на коскените метастази.

Се вели дека неговото зрачење влијае на метастазите со намалување на болката кај пациентите, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Најмалку 28 загинати откако кран се урна врз воз во Тајланд

Објавено пред

Најмалку 28 лица загинаа, а 64 се повредени откако градежен кран се урна врз воз во движење во североисточен Тајланд. Во возот имало околу 195 патници во моментот на несреќата, која се случила околу 9 часот наутро по локално време во среда, јавува Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Кранот го исфрлил возот од шините и здробил неколку вагони, од кои еден се запалил. Спасувачите успеале да ги евакуираат патниците, а повредените биле однесени во регионалните болници. Меѓу 64-те повредени има едногодишно дете и 85-годишен маж, а осум се во сериозна состојба.

Владата нареди истрага за инцидентот, најновиот во низата смртоносни несреќи што се припишуваат на безбедносни пропусти. Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул повика „некој да биде казнет и да биде повикан на одговорност“ за несреќата.

„Несреќи како оваа можат да се случат само поради небрежност, прескокнати чекори, отстапувања во дизајнот или употреба на неисправни материјали“, рече Анутин.

Прикажи повеќе...

Свет

Поранешен израелски командант: Режимот во Иран ќе падне, наскоро ќе видиме голем американски напад

Објавено пред

Пензионираниот бригаден генерал на израелската армија и претседател на Израелскиот форум за одбрана и безбедност (ISDF), Амир Авиви, процени дека режимот во Иран ќе падне и дека САД наскоро ќе интервенираат, пишува денес израелскиот весник „Џерусалем пост“.

dobivaj vesti na viber

„Денес можам да кажам нешто што не можевме да го кажеме пред еден месец: овој режим паѓа. Нема да има ирански режим и ова целосно ќе ја промени иднината на Израел“, рече Авиви на конференцијата доцна синоќа.

Авиви додаде дека очекува голем американски напад врз Иран.

„И навистина, мислам дека во многу блиска иднина ќе видиме масовен американски напад, со помош на Израел и демонстрантите. Мислам дека овој режим нема шанси и ќе падне“, рече претседателот на ISDF, невладина организација која собира десетици илјади резервни офицери и оперативци од сите гранки на израелските безбедносни сили.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија55 минути

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија1 час

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...

Македонија1 час

За новогодишно украсување, општините дале 785 илјади евра – најмногу пари потрошила Општина Штип

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го...

Македонија4 часа

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Свет6 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет6 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија6 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет14 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа15 часа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија18 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа18 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет19 часа

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет19 часа

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија19 часа

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија21 час

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија23 часа

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија24 часа

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија24 часа

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија24 часа

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија1 ден

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...