Економија
Спасовски: 70 милиони евра за сите општини и за градот Скопје за изградба и санација на патишта
Седумдесет милиони евра ќе им бидат распределени на сите 80 општини за изградба и санација на локални патишта и улици, како и на друга патна инфраструктура во единиците на локалната самоуправа. Со оваа директна помош Владата ќе овозможи сите општини да стекнат можност да добијат од 500.000 до 2 милиона евра, во зависност од проектот со кој ќе аплицираат.
Ова денеска беше истакнато на свечената церемонија на потпишување на меморандумот за соработка со сите општини и Град Скопје.
Премиерот Оливер Спасовски истакна дека со овој настан се почнува процес за една голема сезона на изградба и ревитализација на локалната патна инфраструктура во нашата земја.
„Оваа Влада покажа цврста определеност да овозможи рамномерен регионален развој и еднакви можности за квалитетен живот за сите наши граѓани, без разлика дали живеат во град, село или мало населено место. Токму затоа го инициравме овој проект за изградба и рехабилитација на локални патишта, а за неговата оправданост и неопходност говори и самиот факт – дека Светската банка ни одобри заем во висина од 70 милиони евра. Во изминатите две и пол години Владата покажа дека се грижи за граѓаните, а прикажа и цврста определеност да ја поддржи локалната заедница“, нагласи премиерот Спасовски.
Министер за транспорт и врски, Горан Сугарески, информира дека со проектот е предвидена изградба и санација на локални патишта и улици во општините со вкупна должина од речиси 450 километри.
„Висината на распределените средства не е иста за секоја општина и е утврдена во согласност со методологијата воспоставена заедно со Светската банка. Како критериуми земени се бројот на населението, бројот на населени места во општината, површина на општината и бројот на регистрирани моторни возила во општината. Според вака утврдената методологија, на секоја општина на располагање ѝ стојат од 500 илјади евра до 2 милиона евра, и тоа во зависност од висината на спомнатите критериум“, наведе министерот Сугарески.
Тој информира дека со проектот посебен акцент ќе се стави на зајакнување на капацитетите на општинската администрација, но и на општествената одговорност преку привремено вработување, учество во обуки и преквалификација на жени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

