Регион
„Ројтерс“: Почина Сириец поради повреди на грчката граница
Бегалец од Сирија, кој се обидел да премине од Турција во Грција, починал од повреди добиени за време на интервенција на грчките безбедносни сили кои спречувале мигранти да ја преминат границата, изјавија двајца турски безбедносни извори за „Ројтерс“.
Инцидентот се случи кога турската влада ги отвори границите и ги пушти мигрантите да тргнат кон Европа.
Над 10.000 мигранти се обиделе да ја поминат границата, а граничарите истрелаа солзавец врз мигрантите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Двајца од нив комуницираат со очи, се вознемируваат кога ќе ги видат семејствата, изјави доктор за тројцата повредени во Нови Сад
Двајца од тројцата пациенти кои беа тешко повредени како последица од уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад се во свесна, но се уште тешка состојба, изјави за Танјуг в.д. директор на Клиничкиот центар на Војводина, д-р Весна Туркулов.
„Како што вчера рече д-р Николиќ, двајца пациенти се свесни и на кислородна поддршка, комуницираат со очите. Еден пациент се уште е на апарати за вештачко дишење“, рече Туркулов.
Таа додаде дека проблем се секундарните инфекции, а нема опуштање бидејќи повредите се обемни.
„Секој ден се преврзуваат во холот, имаше по некоја ортопедска корекција, фиксирање на коските, а семејствата можат да ги гледаат секој ден“, рече Туркулов.
Се организира и психолошка поддршка за свесните пациенти, бидејќи тие се вознемируваат кога ќе ги видат своите семејства.
Регион
Вучиќ: Неопходна е реконструкција на Владата, некои се уморни
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека реконструкцијата на Владата е работа на премиерот Милош Вучевиќ и на Српската напредна партија (СНС) како најодговорна, најдобра и најважна политичка партија во Србија.
„Ако ме прашаат, а верувам дека ќе ме прашаат, ќе им кажам што мислам. Мислам дека се потребни значителни промени и на овој план. Некои луѓе се уморни, веќе се навикнати да бидат министри и тоа стана рутина за нив, и не е добро кога нешто станува рутина, треба да имаш енергија ако немаш крв после сите овие години, повеќе енергија и сила од мене, тогаш не си за таа позиција, ако дојдеш на работа во десет и пол и веќе ја напушташ работата во дванаесет и пол затоа што имаш попаметни работи, тогаш таа работа веќе не е за тебе“ рече Вучиќ за РТС.
Тој рече дека не може да прецизира какви промени ќе има во Владата бидејќи, како што рече, не е тој кој ја носи конечната одлука, но дека секако ќе каже што мисли.
„Ова е тешко време и секогаш кога имате проблем во Србија, како што се трагедиите во Рибникар или сега во Нови Сад, секогаш во тие времиња се појавуваат оние кои се со вас и кои се однесуваат кукавички од луѓето во политичката партија на која припаѓате, до коалициони партнери кои се кријат во дупка за глувци, толку бескрупулозно, патем, дури и со политичките противници“, рече Вучиќ.
Тој изјави дека во рамки на реконструкцијата на Владата ќе се преиспитаат и коалициските партнери.
„Во врската со некого, секогаш имаш 10 скалила на скалата. Не ја губиш довербата одеднаш во секоја врска, пушти ја, една грешка, па друга, трета, петта – довербата се намалува. Во одреден момент, таа доверба нема повеќе скалила каде што може да се спушти, тогаш е време да се сменат работите“, заклучи Вучиќ.
Регион
Експлодира бојлер во стан во Нови Сад, маж пренесен во Институтот за белодробни заболувања
Пожарникарите и итните служби интервенирале денеска во 17 часот и 12 минути кога во стан на десетти кат во Нови Сад експлодирал бојлер.
Во моментот на експлозијата станот бил празен, јавуваат српските медиуми.
Како што изјави за 021.rs портпаролот на Институтот за итна медицина во Нови Сад, Зоран Круљ, Брзата помош пренела педесет и тригодишен маж во Институтот за белодробни заболувања во Сремска Каменица.
При влегувањето во станот се задушил од чад.
Засега се истражуваат сите околности за експлозијата.
Според написите, материјалната штета во станот е голема.