Регион
Дер Лаен: Пуштањето на бегалците во Европа е неприфатливо

Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, изрази сочувство со Турција за конфликтот во Сирија, но рече дека е неприфатливо за Анкара да ги пушти бегалците и мигрантите од нејзината територија кон Европа.
„Признавам дека Турција е во тешка ситуација во однос на бегалците и мигрантите. Но, она што го гледаме сега не може да биде одговорот или решението“, рече таа на прес-конференција, пренесе „Ројтерс“.
Дер Лаен утре ќе ја посети грчко-турската граница, а Бојко Борисов, премиер на Бугарија, која исто така граничи со Турција, треба да се сретне со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, подоцна во Анкара.
Земјите членки на ЕУ водат борба за договор за заедничка позиција кон Турција, која наведува дека повеќе нема да го почитува договорот од 2016 година со ЕУ бидејќи ескалацијата на војната во Сирија испраќа нов бран бегалци на нејзината територија.
ЕУ исто така е остро поделена за тоа како да го сподели товарот на грижа за бегалците и мигрантите што пристигнале на нејзината територија од 2015 година.
Грчката полиција се судри за време на викендот со илјадници мигранти кои бараа да влезат во ЕУ од Турција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.