Македонија
Османи: Хрватското претседателство со ЕУ ќе биде историско за нас
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, се сретна со министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој е во работна посета на земјава.
Вицепремиерот Османи најнапред изрази благодарност до министерот Грлиќ Радман за активниот пристап на Хрватска по преземањето на претседателството со ЕУ, во однос на нивните заложби за промоција и интензивирање на европските перспективи на целиот Балкан, упатувајќи притоа благодарност и за личниот ангажман на премиерот Пленковиќ за интензивирање на процесот на проширување.
„Ми причинува особено задоволство што денешната посета на министерот Грлиќ Радман се совпадна со објавувањето на предвремениот Извештај за напредокот и состојбите во Република Северна Македонија, во кој уште еднаш е потврдена препораката од минатата година за почеток на преговорите“, истакна Османи, нагласувајќи притоа дека по објавувањето на новата методологија за проширување на почетокот од минатиот месец, ова е втор клучен момент по октомврискиот самит, кои на голема врата ја враќаат довербата во европските интеграции и го отвораат патот за одлука на Европскиот совет за почеток на преговорите со Република Северна Македонија уште оваа пролет.
„Објавувањето на денешниот извештај за напредокот, покажува дека довербата на Европската комисија за нашата подготвеност не само што ја задржавме, туку и ја зголемивме, што е од исклучителна важност не само за нас туку и за земјите членки, а претставува и потврда за нашата работа и вистински показател дека земјава се движи во правилна насока“, додаде Османи.
Двајцата соговорници за време на разговорот заеднички упатија уверување дека претстојниот мајски Самит на ЕУ во Загреб посветен на односите меѓу ЕУ и Западен Балкан ќе биде успешен, имајќи ја предвид историска важност во однос на зацврстување на вниманието на ЕУ кон регионот, како место каде ќе се постават темелите за долгорочна соработка помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

