Црна хроника
Скопјанец вперил пиштол кон полицајците додека го приведувале

Вчера, на булеварот Филип Втори Македонски во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го привеле Е. Ш. (31) од селото Шишево, Скопско, кој се барал со потерница од Основното јавно обвинителство Скопје за сторени кривични дела.
„Тој бил забележан на булеварот и кога му бил даден знак за застанување, извадил пиштол и го вперил во полициските службеници по што тие испукале два предупредувачки истрела во воздух и набргу потоа тој бил фатен“, информираат од МВР.
Мажот е спроведен во Полициската станица Бит-пазар за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Исчезнатиот рибар кај Злетовска Река најден мртов

Пронајден е починат исчезнатиот рибар Кире Павлов од Пробиштип.
Неговото исчезнување во полицијата го пријавил Благој Стојанов од истиот град кој со него бил на риболов на Злетовска Река во атарот на селото Жиганци. Кире Павлов тука исчезнал и му се изгубила трага, според пријавеното, пренесе Центарот за управување со кризи.
Полицијата подоцна извести дека лицето било пронајдено починато, а според првичните информации станува збор за природна смрт.
Црна хроника
Дете нападнато на автобуска станица во Центар од четири лица

А.К.(44) од Скопје пријавила дека на 26 април околу 22.20 на автобуска постојка на подрачјето на Центар, нејзиниот 14-годишен син бил физички нападнат од четири лица, кои ги познавал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
МВР трага по осумгодишно момче кое исчезнало во Скопје

Осумгодишниот А.Џ., кој имал здравствени проблеми се оддалечил од местото каде што престокувал со својот татко.
За случајот, полицијата во Карпош ја алармирал родителот на момчето.
Од МВР велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на детето.
Полицијата трага и по две девојчиња на возраст од 11 и 14 години, кои исчезнаа во Скопје.