Македонија
(Видео) Костадинов: Дo ЈО ги доставивме сите документи и докази за расипничко работење на Мицкоски

Како што најавивме деновиве, документите што беа доставени до нас како партија, а кои сме уверени дека претставуваат сериозни индиции за сторено кривично дело, поточно за испумпување пари на граѓаните од страна на Христијан Мицкоски во времето кога тој бил директор на ЕЛЕМ, денеска ги доставуваме до Обвинителството за гонење организиран криминал, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„Додека сите ние плаќавме 100 отсто повисока цена на струјата додека Христијан Мицковски директоруваше со ЕЛЕМ, тој расипнички се однесувал со парите на граѓаните овозможувајќи им на лица блиски до него, секако сега веќе и дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, да се стекнуваат со навистина големи суми пари.
Преку овој скандал кој го откривме само со овие два договора што беа доставени до нас, практично се докажува како Христијан Мицковски испумпува на некој начин речиси 170.000 евра со неговиот соработник Панче Тошковски, кој е и дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
Сега е јасна причината зошто толку гласно и Мицкоски и Тошкоски се противеа и на секој начин се обидуваа да го опструираат законот за ЈО. Но, уверени сме дека по донесувањето на законот за ЈО, правосудните органи, како и Обвинителството, се растоварени од какви било политички притисоци и слободни се да одлучуваат.
Оттука, апелираме и го повикуваме Јавното обвинителство за гонење организиран криминал докрај да го отвори предметот и докрај да го истражи. Јасно ни е, јасно треба да му биде и на Мицкоски, јасно треба да му биде и на Тошковски, дека за секој оној за кој ќе се докаже дека сторил криминал, одговорност мора да има.
Со овој скандал, почитувани граѓани, не само што имаме реални сомнежи за сторено кривично дело, ова практично е доказ дека и Христијан Мицкоски постапува исто како и неговиот шеф и ментор во Будимпешта, Никола Груевски.
Со истите тие расипнички шеми буквално ги осиромашувале граѓаните. Тоа е доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето од матрицата на Никола Груевски, расипничката матрица што ја инсталира во ВМРО- ДПМНЕ.
Убедени сме дека целото ова расипништво ќе биде поразено, секако ќе има одговорност и пред судот на правдата, но најголема одговорност ќе има на 12 април кога ВМРО- ДПМНЕ, Мицкоски и Груевски убедливо ќе поразени од граѓаните на Република Северна Македонија“, рече Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Бутел денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД извесуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.00 часот, корисниците од улицата Хо Ши Мин лоцирани на потегот од напојната трафостаница Бутел 2 до објектот бр. 287 Б. (општина Бутел)
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе има преодно стабилизирање на времето. Од среда кон крајот на денот се очекува нов влажен и постуден бран со пообилни врнежи од дожд. Температурата ќе биде во значително опаѓање.
Македонија
Засадиле 100 семки канабис на нива во Пчиња, ОЈО отвори истрага

Започнати се постапки против дилери на марихуана во Велес и во Скопје, информираат вечерва од Јавното обвинителство. Јавните обвинители до надлежните судови доставиле предлози за определување мерка – притвор за сите тројца осомничени.
– Основното јавно обвинителство – Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Двајцата осомничени – соизвршители, во периодот од март до септември годинава, во атарот на велешкото село Карабуниште, неовластено произведувале марихуана. Засадиле 100 семки канабис на нива во месноста викана Пчиња, од кои изникнале 80 растенија што ги одгледувале и ги наводнувале, појаснуваат од Обвинителството.
На 27 септември, осомничените биле затекнати од полициски службеници додека собирале цвет од канабис.
– На лице место биле пронајдени машини за одвојување на цветот од стеблото, три пластични кофи со вкупно над четири килограми марихуана и повеќе вреќи со стебла од канабис, додаваат од Обвинителството.
За истото кривично дело и Основното јавно обвинителство – Скопје отворило истрага против едно лице, за кое во соопштението се наведува дека неовластено произведувало и држело за продажба наркотична дрога – марихуана.
– Во дворот на осомничениот на улицата „Кадињача“ во Скопје, полицијата пронашла две растенија канабис што ги одгледувал, а од домот биле одземени и 38 паковки со вкупно околу 30 грама марихуана и една дигитална вага со траги од канабис и кокаин, истакнуваат од Обвинителството.