Контакт

концерти

Ана Дурловски триумфира на женевската сцена

Објавено пред

Огромна е честа да се биде Македонец кога ќе се прочитаат критиките што женевските медиуми ги испишаа за настапот на македонската оперска дива Ана Дурловски. Уште поголемо би било задоволството да можевме сите да ја слушнеме нејзината изведба на Marguerite de Valois во операта „Хугените“ (Les Huguenots) на германскиот композитор Giacomо Meyerbeer. Таа привилегија ја имаа само 1.000 посетители на Grand Theatre de Geneve бидејќи швајцарските власти превентивно, поради опасноста од коронавирусот, забранија собири на повеќе од 1.000 луѓе.

dobivaj vesti na viber

Критичарите во суперлативи ја опишаа нејзината интерпретација. Велат: „Ни металниот призвук во гласот, ни нерафинираниот француски акцент не ја намалија вредноста на нејзината цврста и сигурна песна. Нејзината драматична интерпретација беше беспрекорна, особено кога великодушно се вдаде во одигрувањето на забавната сцена на заведување на Раул, толкуван од Американецот John Osborn“.

Свесни дека денес операта „Хугените“ (Протестанти“) не е возможно да се претстави во оригиналниот облик, режисерите Jossi Vieler и Sergio Morabito одлучиле љубовната приказна помеѓу протестанти и католици, толку испреплетена со историскиот контекст на Meierbeer-овата опера, да ја освежат со сместување на дејството во филмско студио во златното време на Холивуд. Да отидат толку далеку што со многу хумор, кој ќе ги олесни трагичните историски моменти во кои се случува дејството, ќе го опуштаат гледачот. За финалето испланирале бурлеска меѓу кралицата Marguerite de Valois (Ана Дурловски) и Raoul Huguenot, што од сите беше опишано како сјаен сценски момент.

За крај, главниот збор повторно го даваме на швајцарсите критичари. Тие велат дека John Osborn, Rachel Villis-Sørensen и Ана Дурловски триумфираа во своите главни улоги под визионерската музичка режија на Marc Minkovski.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

„Медитеранска магија“: Концерт за две пијана и четирирачно пијано на дуото Аврамовска–Мариновски

Објавено пред

Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.

dobivaj vesti na viber

Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.

Програма:

Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2

Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1

Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)

Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист: Илија Белистојановски)

Г. Росини – Увертира „Крадливата страчка“

Исаак Албениз – Rapsodia Española

Дуото, активно веќе девет години, има бројни настапи во Македонија и во странство — меѓу кои Турција, Бугарија и САД. Нивната работа е посветена на спојот меѓу македонската традиција и современиот музички израз, со концертни програми што ја освојуваат публиката со емоција и уметничка длабочина.

„Медитеранска магија“ ветува вечер исполнета со топлина, енергија и дух на јужниот Медитеран — музика која ги надминува границите и допира директно до публиката.

Прикажи повеќе...

концерти

Почна фестивалот „Виноскоп 2023“

Објавено пред

Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.

dobivaj vesti na viber


Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.

Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.

Прикажи повеќе...

концерти

Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје

Објавено пред

Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).

dobivaj vesti na viber

На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.

Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.

На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.

Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

(Видео) Заврши средбата на Зеленски со европските лидери: „Судбината на Украина е судбина на Европа“

По повеќе од два часа на Даунинг стрит 10 во Лондон, се чини дека разговорите завршија – Кир Стармер, Емануел...

Македонија8 часа

Николоски објави видео од изградбата на автопатот Тетово – Гостивар

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, објави видео од градежните активности на автопатот Тетово – Гостивар. „Интензивно се работи на...

Македонија9 часа

Наместо текстовите на СДС да им ги пишува Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите, вели Манасиевски

Наместо текстовите на СДС да им ги пишува Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите со релевантни и...

Македонија11 часа

(Видео) Кузеска: Ја следиме трагата на парите, Томовски донира во ВМРО-ДПМНЕ

Скандалот со семејната фирма на Томовски која го чисти буџетот, или во бројки 5,3 милиони евра и 161 тендер е...

Свет13 часа

Трамп: Разочаран сум од Зеленски

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не е сигурен дали украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се согласи со новиот...

Македонија13 часа

Авионско фрлање на мамки против беснило: граѓаните во наредниве денови исклучително внимателно да се движат во природа

Агенцијата за храна и ветеринарство започна со втората овогодинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста...

Македонија14 часа

Сиљановска-Давкова: Имаме епидемија на малодушност и рамнодушност, вклучително и кон лични и колективни трагедии

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Свечената академија по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“, којашто под нејзино покровителство се...

Македонија1 ден

(Видео) Милошоски: Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, денеска демантираше дека Договорот за стратешко партнерство помеѓу Македонија и Велика Британија предвидува изградба на...

Македонија1 ден

(Фото+видео) Ивановски: Отстранет и првиот билборд од Железничката станица Скопје

„Отстранет и првиот билборд од Железничката станица Скопје“ – објави на ФБ, директорот на „Македонски железници – Инфраструктура“, Синиша Ивановски....

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?

„Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, пренесуваат дека Владата на Мицкоски...

Топ2 дена

Притвор за неготинчанец кој со закани со нож принудил жена на полови дејствија, ја снимал и барал пари да не го објави видеото

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице од Неготино, со живеалиште во Германија, кој е осомничен за кривични...

Свет2 дена

(Видео) Масовен руски напад врз Кременчук – делови од градот останаа без струја, вода и греење

Русија синоќа изврши масовен ракетен и дрон-напад врз украинскиот град Кременчук. Според украинските воздухопловни сили, експлозии биле забележани околу 1:30...

Свет2 дена

Најмалку 25 лица загинаа во голем пожар во ноќен клуб во Гоа, Индија

Најмалку 25 лица загинаа, а повеќемина се повредени во тежок пожар што околу полноќ го зафати популарен ноќен клуб во...

Свет2 дена

Експерти предупредуваат на радиоактивна прашина по оштетувањето на обвивката на Чернобил

Заштитната обвивка изградена за да спречи ширење на радијација од нуклеарната централа Чернобил мора итно да се поправи откако беше...

Македонија2 дена

Мицкоски: Европската интеграција не смее да се сведе на пасивно прифаќање, Македонија мора да знае да каже ДА кога тоа е во нејзина корист

Во 21 век, историското наследство не може да биде изговор за застој. Напротив, тоа е најсилен мотив државата да биде...

Македонија2 дена

Орбан: ВМРО стана една од најуспешните политички сили во Европа, ја поставивте вашата татковина на патот на стабилен, предвидлив и безбеден развој

Претставници на сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ упатија честитки за како што велат, достигнувањата на партијата кои ги имаше во последните...

Македонија2 дена

Тошковски доби опомена од „Сејф сити“ – возел со 1 километар на час над дозволената брзина

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на Фејсбук објави дека добил порака за сторен сообраќаен прекршок од „Сејф сити“. „Утрово,...

Македонија2 дена

Томовски: СДС да се извинат за клеветите и измислицитe, посочената компанија не е моја, во моментов немам никаква приватна компанија

„Посочената компанија не е моја, ниту пак имам било каков удел во нејзе. Јас во моментов немам никаква приватна компанија...

Македонија2 дена

(Видео) Димитријевиќ: Семејната фирма на директорот на СОЗР добила 161 тендери за 5,3 милиони евра

Опозициската СДСМ денеска обвини дека семејната фирма на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, која го менувала името, добила 161 тендери...

Македонија3 дена

Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови, порача ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира по објавите на британските медиуми и СДСМ дека Владата подготвува договор со Обединетото Кралство за отворање центар...