Македонија
Нема нови пациeнти што се тестираат на коронавирус
Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека нема нови пациенти кај кои се јавиле симтоми на коронавирус и кои се тестираат. За веќе објавените резултати, Филипче потенцира дека тие се репроверени во лабораторија во Германија, која е супервизија на нашата лабораторија.
„Нема нови пациенти што се тестираат на коронавирус. Новина е што во текот на вчерашниот ден стигнаа резултати од лабораторијата од Германија, кои ги потврдија сите наши тестови. Тоа е потврда за точноста на нашата лабораторија на Институтот за јавно здравје. Набавката на дополнителна опрема е во тек за да се дополнат нашите резерви. Дезинфекционите средства уште утре ќе бидат доставени од основните училишта“, рече Филипче.
Граничниот премин Табановце е нафреквентното место од каде што влегуваат лица што патуваат од северна Италија. Филипче вели дека таму нема проблеми и се почитуваат сите прописи.
„Во посета сме на граничниот премин Табановце за да видиме дали припадниците на Царинската управа, МВР, како и на Центарот за јавно здравје, се соочуваат со некакви проблеми или предизвици. Можам да кажам дека работата тече одлично. Целосно се почитуваат прописи, тоа значи дека се прашува секое лице, односно се прави епидемилошка анкета, а ако е позитивна, се праќа кај епидемиолозите. Смеам дека ова е одлична координација“, додаде Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

