Забава
Џеки Чен демантира дека има коронавирус

Информацијата што го привлече вниманието на светската јавност е дека славниот актер Џеки Чен наводно има коронавирус и е ставен во карантин.
За да ги отстрани сите сомнежи, херојот на многу акциски филмови објави на „Инстаграм“ дека е здрав.
„Ви благодарам на сите за вашата загриженост! Сигурен сум и здрав, и тоа многу здрав. Ве молам, не грижете се, не сум во карантин. Се надевам дека сите ќе останат безбедни и здрави“, напиша Џеки Чен на својот инстаграм-профил.
Пред неколку дена се појавија информации дека Том Круз е ставен во карантин поради коронавирусот. Имено, славниот актер престојува во Венеција, каде што го снима продолжението на филмот „Невозможна мисија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Камерон Дијаз фотографирана во лежерно издание: актерката не се плаши од стареење, го покажа лицето без шминка

Американската актерка Камерон Дијаз беше фотографирана во природен и опуштен стил додека шеташе низ улиците на Њујорк.
Имено, актерката комбинираше фармерки со тексас кошула, додека косата ја врза во лежерна пунџа. Според фотографиите, Камерон изгледаше во одлично расположение.
Камерон Дијаз е отворена за својот пристап кон стареењето и изгледот. Пред неколку години, таа призна дека пробала ботокс, но брзо се предомислила.
„Пробав, но моето лице се промени чудно. Си реков: „Ова не сум јас“.
Cameron Diaz, 52. pic.twitter.com/hHWA7ircDr
— 𓂀 𝕋𝔼𝔸ℍ 𓂀 (@TeahCartel) August 6, 2025
Таа исто така нагласи дека научила да ги сака своите брчки: „Тие се доказ дека цел живот се смешкам. Го сакам животот и немам проблем со фактот дека се видливи.“
Во последните неколку години, Камерон ретко се појавуваше во јавност. По пет години, појавувањето на премиерата на „Назад во акција“ на Нетфликс во Берлин беше нејзино прво јавно појавување. Пред тоа, нејзиниот последен филм беше „Ени“ (2014), исто така со Џејми Фокс.
Камерон неодамна откри дека изминатите десет години, кои ги поминала во изолација, биле „десетте најдобри години“ во нејзината кариера.
Таа моментално работи на неколку нови проекти, а на есен ќе започне со снимање на „Лош ден“ на Нетфликс, во кој игра самохрана мајка во низа хаотични ситуации. На крајот на 2026 година, таа се враќа како глас на принцезата Фиона во „Шрек 5“.
Забава
Ќерката на Чарли Шин тврди дека сакале да ја киднапираат: „Тој нè набљудувал постојано“

Сами Шин, ѕвездата на „Онли фанс“ и ќерка на Чарли Шин и Дениз Ричардс, тврди дека речиси станала жртва на трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација..
Таа рече дека била во ресторан со пријатели и дека било доста доцна. Кога го напуштиле, поминале пет минути на паркингот, каде што се фотографирале.
„Од никаде еден човек ни пријде барајќи пари. Јас реков: „Жал ми е. Немам пари со мене“, рече таа. Додаде дека тој станал упорен.
„Реков: „Извини, не“, а тој рече: „Добро, добра ноќ“, рече таа, додавајќи дека веднаш потоа, друг маж ѝ се приближил неа и на нејзината пријателка.
„Штом го видов, имав најлошо чувство во стомакот. Сакав веднаш да си оди оттаму“, продолжи таа, наведувајќи дека зборувал шпански и дека таа не можела да го разбере.
„Потоа тој посегна во задниот џеб, а јас ја отворив торбата и извадив солзавец, а тој го виде и полуде“, изјави таа. Со нејзината пријателка успеале да избегаат и да се заклучат во автомобилот.
Тие веруваат дека двајцата мажи работеле заедно. Кога се вратила дома и ги погледнала фотографиите, сфатила дека еден од нив цело време ги набљудувал.
„Обично сум многу свесна за околината и не го забележав овој човек. Дури и да беше безопасен, подобро е да бидам безбедна, иако не мислам дека воопшто имал добри намери“, рече таа.
Забава
Истражување покажа која кабина треба да ја користите во јавен тоалет

Според она што истражувачите го нарекуваат „преференција за централност“, повеќето луѓе најчесто избираат средна опција кога им се нудат повеќе избори — без разлика дали станува збор за игра со карти, избор на сендвич за ручек или кабини во тоалет.
Постои теорија дека кога сте во јавен тоалет, треба да ги избегнувате средните кабини секогаш кога можете и наместо тоа да ја избирате првата кабина. Се смета дека таа најмалку се користи, што значи дека е веројатно најчиста.
„Точно е дека, ако ги погледнете истражувањата, луѓето (свесно или несвесно) имаат тенденција да ги избираат кабините што се во помалку пристапниот дел на тоалетот и да ги избегнуваат оние на самиот почеток“, вели д-р Филип Тиерно, клинички професор по патологија на NYU Langone Health во Њујорк, пишува The Healthy.
Едно истражување од 1995 година, објавено во списанието „Psychological Science“, се занимавало со оваа тема — и можеби го покренало опсесивното прашање која кабина да ја изберете во јавен тоалет.
Психологот Николас Кристенфелд следел колку често се менува тоалетната хартија во секоја од четирите кабини во текот на десет недели.
Резултатите покажале дека 60 отсто од потрошените ролни биле од средните кабини, додека само 40 проценти од оние на краевите. Ова укажува на тоа дека „преференцијата за централност“ преовладува — многу повеќе луѓе ги користат средните кабини.
Анкета спроведена од „New York Magazine“ отишла чекор подалеку и ги анализирала разликите во навиките на мажи и жени. И мажите и жените најчесто ја избираат средната кабина, но бидејќи кабините и писоарите ретко изгледаат исто, мажите почесто ја избираат онаа што им е најблиску до вратата.
Во секој случај, важно да се придржувате до правилата за хигиена во јавните тоалети.
Носете свои влажни марамчиња.
Секогаш мијте ги рацете по користење на тоалетот.
Сушете ги рацете со хартија и користете хартија за затворање на чешмата.
Ова е најдобриот начин да се заштитите од бактерии.