Спорт
Нестварна партија на Лаверт, Бруклин победи во Бостон (видео)

Осум натпревари се одиграа во НБА-лигата. Денвер Нагетс загуби од последниот тим во лигата, а Крис Леверт со неверојатна партија се погрижи Бруклин да забележи победа во Бостон.
Бостон имаше предност против Бруклин до самата завршница. Сепак, Лаверт избори продолженија со погодените три слободни фрлања. Во дополнителното време Бруклин на противникот му дозволи да постигне само два поена.
Лаверт одигра неверојатен меч, постигна личен рекорд од 51 поен, од нив 37 реализира во последната четвртина и продолжението.
Голден стејт Вориорс направи големо изненадување со победата над Денвер Нагетс 116:110. Вориорс ја забележа 14. победа во сезоната. Последнопласираниот тим во лигата го предводеа Ендру Вигинс и Ерик Паскал со по 22 поена. Кај Денвер се истакна Никола Јокиќ со 16 поени, 13 скока и седум асистенции.
ЛА Лејкерс лесно се справи со Филалдлефија 120:107. Ентони Дејвис се истакна со 37 поени и 13 скока, а Леброн Џејмс забележа 22 поена и 14 асистенции.
Резултати:
Шарлот-Сан Антонио 103:104
Њу Орлеанс-Минесота 134:139
Оклахома-ЛА Клиперс 94:109
Финикс-Торонто 114:123
Сакраменто-Вашингтон 133:126
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Коман пристигна кај Кристијано Роналдо

Поранешниот играч на Баерн Минхен, Кингсли Коман, е нов играч на Ал Наср, објави клубот од Саудиска Арабија.
Коман (29) потпиша тригодишен договор со Ал Наср, а клубот не ја наведе вредноста на трансферот.
Францускиот крилен напаѓач пристигна во Баерн во август 2015 година, а оттогаш одигра вкупно 339 натпревари и постигна 72 гола за германскиот клуб.
Тој освои вкупно 20 трофеи со Баерн, вклучувајќи еден во Лигата на шампионите, а претходно во кариерата играше и за Јувентус и Пари Сен Жермен.
Со француската репрезентација, за која одигра вкупно 58 натпревари, освои сребрени медали на Европското првенство во 2016 година и на Светското првенство во Катар.
Фото/ ФК Ал Наср
Спорт
Артета: Ако продолжиш да копаш, еден ден ќе најдеш злато

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, зборуваше за шансите на неговиот тим да ја освои титулата пред почетокот на новата сезона.
Лондонските „топџии“ завршија на табелата, три пати во претходните три сезони. Прво, двапати беа зад Манчестер сити, а минатата сезона зад Ливерпул.
„Ако веруваш во она што го работиш, еден ден ќе ја постигнеш својата цел. Може да биде и фигуративно: Ако продолжиш да копаш и си упорен, еден ден ќе стигнеш до златото. Тоа е она што ме учеа целиот мој живот“, рече шпанскиот тренер и додаде:
„Ако ја погледнете математиката, собравме повеќе бодови од кој било друг тим во лигата во последните три сезони, а тоа многу зборува за нашата конзистентност. Сега треба да го направиме тоа во една сезона“, рече Микел Артета, пренесува Би-Би-Си.
Тимот на Арсенал во првото коло ќе го одигра дербито поротив Манчестер јунајтед. Натпреварот на „Олд Трафорд“ во Манчестер се игра в недела од 17.30 часот.
Фото/ Принтскрин
Спорт
(Видео) Салах плачеше на крајот од натпреварот

Мохамед Салах не можеше да ги скрие своите емоции по победата на Ливерпул над Борнмут (4:2) во првото коло од новата сезона во англиската Премиер лига.
Натпреварот помеѓу Ливерпул и Борнмут беше полн со емоции од првата до последната минута, сè беше посветено на Диого Жота, кој почина во сообраќајна несреќа.
Неговиот голем пријател и долгогодишен соиграч во Ливерпул, Салах не можеше лесно да се избори со своите емоции.
Тоа можеше да се види во текот на целиот натпревар, а на крајот постигна гол и му го посвети на Жота, го прослави како што некогаш правеше Португалецот.
На крајот од натпреварот, тој се расплака.
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN
Mohamed Salah was the last player to leave the pitch, joining in with a tearful rendition of Diogo Jota's chant in front of the Kop ❤️ pic.twitter.com/c5Vj4Rfr8C
— Premier League (@premierleague) August 15, 2025