Црна хроника
Полицијата пронашла нож кај 20-годишно момче на Водно

Полицијата при претрес пронашла нож кај 20-годишно момче на Водно.
Според информациите од полицијата, вчера, во 14.30 часот, полициски службеници кај видиковецот на Водно, при извршен преглед кај В. А. (20) од Скопје пронашле нож. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружјето.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен тетовец, возел со брзина од 156 км на час на место каде дозволената брзина е 80 км на час

Вчера во 14.25 часот на патот Тетово-Гостивар, во близина на клучка Жеровјане, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода 56-годишниот Д.Д. од Тетово.
При сообраќајната контрола и преземени мерки и активности, полициските службеници констатирале дека Д.Д. управувал патничко возило „мерцедес” со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 156 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобзирно управување на моторно возило”.
Црна хроника
Пијан скопјанец возел во спротивна лента и удрил во друг автомобил, повредено едно лице

Поради основано сомневање дека сторил кривично дело – Загрозување на безбедноста на сообраќајот, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец.
Осомничениот, вчера во вечерните часови, под дејство на алкохол од 1.34 промили, управувал туѓ автомобил „Фолксваген пасат“ на улицата „Христо Татарчев” во Кисела Вода.
Иако бил свесен дека поради неговото однесување во сообраќајот може да настапи штетна последица, се согласил со нејзиното настапување. Со возилото преминал на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока и со предниот лев страничен дел од автомобилот удрил во возило „Фиат стило“ кое доаѓало од спротивна страна. Во незгодата со телесни повреди се здобила сопатничката од автомобилот „Фиат стило“.
Со цел непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител побара од судијата на претходна постапка да определи мерка на претпазливост – привремено одземање на возачката дозвола на осомничениот и забрана за издавање нова.
Црна хроника
Неколкумина повредени во сообраќајна незгода во Тетовско

Вчера во 12.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат село Боговиње-село Урвич, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(52) од село Шипковица, тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(68) од село Ново Село, тетовско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.И.М, сопатничка во возилото „форд“, додека со телесни повреди се здобиле возачот Ф.Р. и останатите сопатнички од возилото „форд“, С.Л., М.А., М.Џ и М.Д., констатирани во Клиничка болница Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.