Спорт
Најдолгиот погоден тикет во „Спорт лајф“ вреди 100.000 денари
Во „Спорт лајф“ стартува нова акција за редовните играчи, членови на СЛ клубот. Под називот „до 50 шанси за 100 000 денари“ тие ќе се натпреваруваат во 8 неделни етапи од понеделник до недела, од 02.3. до 26.4.2020 год. Во тој период, на неделно ниво, ќе бидат доделувани вредни подароци за оние кои ќе погодат најмногу натпревари на еден тикет, независно дали е добитен или недобитен.
Играчите со најмногу погодени натпревари на тикет ќе освојат 100 000 денари, за второпласираните следува вредносен ваучер од 25 000 денaри за производи од Анхоч или Техномаркет, а пак третопласираните добиваат подарок месечно обложување, со вредносни ваучери од 200 денари секој ден.
Минималната уплата на тикет е 20 денари, додека на еден тикет може да се одиграат и до 50 натпревари со минимум коефициент од 1,30. Акциската понуда ги опфаќа и тикетите од понудата за обложување во живо, микс тикетите и Супер тип понудата, а важи само за несистемските тикети, односно за тикетите со една комбинација.
Најуспешните играчи од сите 8 неделни етапи од оваа акција, ќе изборат директен пласман во финалната фаза на Типстер куп натпреварот и можност да играат и освојат стан во Скопје, во елитната населба Водно.
Oваа акција е награда за лојалноста на играчите на Sport Life и поттик за оние кои ќе му се придружат на СЛ клубот. Со тоа се здобиваат со екслузивно право да учестуваат во голем број акции и да добиваат подароци со освоените поени од игра во СЛ маркетот.
Повеќе информации на https://sportlife.com.mk/pogodinajmnogu
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Поранешен соиграч на Јокиќ ќе потпише за Панатинаикос
Панатинаикос не игра добро на почетокот на сеозната во Евролигата. Зелените се на скор од пет победи и четири порази. Покрај тоа тимот остана без класичен центар, Лесор се уште е на рехабилитација, а во меѓувреме се повредија Хомс и Јурцевен.
Дека не може да игра без класичен центар, Ергин Атаман најдобро виде во средата, кога Панатинаикос доживеа тежок пораз во Белград од Црвена звезда (86:68).
Сопственикот на тимот Димитрис Јанакопулос најде решение за центарската позиција во Тајван, поточно во ликот на НБА ветеранот Кенет Фарид, поранешен соиграч на Никола Јокиќ во Денвер четири сезони.
Фарид помина седум сезони таму, а ги бранеше и боите на Бруклин и Хјустон, додека европско искуство стекна во ЦСКА Москва во 2021 година и во Реџо Емилија минатата сезона.
Популарниот „Менимал“, кој за една недела ќе наполи 36 години, целата своја кариера ја играл на позицијата крилен центар, но Фарид, висок 203 см, ќе може да ги покрива центарските позиции во Европа, единственото прашање е дали ќе може да го стори тоа во елитното континентално натпреварување.
Фарид играше во НБА (478 лигашки натпревари и 18 плејоф натпревари) од 2011 година, кога беше избран како 22-ри пик на драфтот, до 2019 година и неговото прво патување во Кина, а играше и во Мексико и Порторико. Тој беше дел од репрезентацијата на САД која го освои Светското првенство во Шпанија во 2014 година.
Спорт
Тата Мартино се врати во Атланта
МЛС тимот Атланта го ангажираше повторно Херардо „Тата“ Мартино за тренер, а договорот е потпишан до 2027 година, објави клубот.
Мартино се враќа во клубот што го водеше до титулата шампион на МЛС во 2018 година и беше прогласен за тренер на годината.
„Овој момент не е враќање во минатото, туку можност да се изгради нова основа и да се продолжи да се развива во согласност со барањата на редовната борба за врвот на МЛС“, рече сопственикот на клубот Артур М. Бланк.
Мартино го напушти Интер Мајами пред речиси една година од лични причини, по една сезона во клубот. Во текот на својата кариера, тој освои 11 трофеи на клупско и репрезентативно ниво во Северна и Јужна Америка, како и во Европа.
Интер Мајами го ангажираше во јули 2023 година, во моментот кога Лионел Меси го имаше своето деби за клубот. Мартино претходно го тренираше Меси во Барселона и во репрезентацијата на Аргентина.
Под негово водство, Интер Мајами оствари учинок од 26 победи, девет нерешени резултати и 12 порази во МЛС лигата.
Спорт
Во Турција приведени 17 судии и претседател на фудбалски клуб
Откако минатата недела беше откриено дека голем број турски фудбалски судии биле вмешани во обложување на фудбалски натпревари, обвинителите побараа апсење на 21 лице, вклучувајќи 17 судии и неименуван претседател на клуб од премиер лигата.
Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул објави дека 17 судии се осомничени за занемарување на своите должности и манипулирање со резултатите од натпреварите, а претседателот на клуб од првата лига за местење резултати. Досега, 18 од 21 осомничени се приведени, објави новинската агенција Анадолу.
Истрагата на Турската фудбалска асоцијација откри дека 371 од 571 активни судии во турските професионални лиги имаат сметки за обложување, а дека 152 активно учествуваат во обложување.
Претседателот на Турската фудбалска асоцијација, Ибрахим Хачиосманоглу, го нарече ова морална криза во турскиот фудбал. Исто така, по откривањето на аферата, Турската фудбалска асоцијација веднаш суспендираше 149 фудбалски судии и нивните помошници.
Foto/ EPA

