Вести
Разузнавачи: Податоците на НАТО за руски сили во Украина не се точни

Активисти на американското движење „Ветерани на разузнавањето за разумност“(Veteran Intelligence Professionals for Sanity, VIPS) ѝ напишаа во вторникот отворено писмо на германската канцеларка Ангела Мекел објавено на страницата warisacrime.org. и во други американски медиуми, во коешто ја предупредуваат дека информациите на НАТО за наводно навлегување на руски воени единици на територијата на Украина не се веродостојни.
Активисти на американското движење „Ветерани на разузнавањето за разумност“(Veteran Intelligence Professionals for Sanity, VIPS) ѝ напишаа во вторникот отворено писмо на германската канцеларка Ангела Мекел објавено на страницата warisacrime.org. и во други американски медиуми, во коешто ја предупредуваат дека информациите на НАТО за наводно навлегување на руски воени единици на територијата на Украина не се веродостојни.
Во меморандумот, потпишан од девет поранешни припадници на американските разузнавачки агенции, се наведува дека „обвинувањата против Русија за голема ‘инвазија’ во Украина не се потврдени од сигурни разузнавачки извори“.Според поранешните разузнавачи, снимките коишто на 28-ми август ги објави НАТО за кои тврди дека го докажуваат присуството на руските воени единици на територијата на Украина, наликуваа на оние кои беа објавени во 2003 година и прикажуваа магацини со хемиско оружје во Ирак. Ветераните на американското разузнавање сметаат дека ситуација е слична на онаа кога таквите непотврдени докази ги користеле властите на САД за да ја оправдаат втората инвазија на американските војски во Ирак пред 12 години.„Ние не видовме убедливи докази за постоење оружје за масовно уништување во Ирак, ние не гледаме убедливи докази за руска инвазија во Украина во моментов“, се наведува во писмото до германската канцеларка Ангела Меркел од американските разузнавачи.Покрај тоа, ветераните се убедени дека „изјавите на генералниот секретар на НАТО, (Андерс Фог) Расмусен се диктирани од Вашингтон“. Поранешните соработници на американското разузнавање, исто така, ѝ порачуваат на Меркел дека таа „има можност да се запознае со (нивното) мислење до почетокот на самитот на НАТО“, кој треба да се одржи во четврток и петок во Велс.Претходно во мај годинава, активистите на Veteran Intelligence Professionals for Sanity објавија меморандум адресиран до американскиот претседател Барак Обама. Во него тие го повикаа челникот на САД да преземе итни чекори за деескалација на напнатостите во Украина, барајќи од Обама да објави јавно дека НАТО нема да ги вклучи во своето членство Украина и Грузија, предложувајќи му на Киев да ги преземе обврските да ја сочува својата блоковска неутралност./крај/мф/сн
Извор: warisacrime.org
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.