Вести
Силна бура на Тајван, три милиона без струја и двајца загинати

Силен Тајфун мина во саботата низ Тајван, проследен со силни ветришта и дождови, оставајќи зад себе две жртви и околу три милиона жители без електрична енергија, пренесуваат локалните медиуми.
Тајфунот наречен Суделур предизвикал рано утрото свлечишта во источните делови на островите Јилан и Хуалиен, додека во планинските североисточни предели наврнале и до 1.000 милиметри дожд, со ветрови кои достигнувале до 200 километри на час.
„Ова е еден од најсилниот тајфуни кој некогаш го имам видено. Автомобилот ми се тресеше додека возев. Многу стебла се урнати“, изјавил за Reuters инженер кој предводел инспекција на пумпите за вода во саботата утрото.
Властите објавија аларм поради поплавите и свлечиштата, а медиумите известуваат дека најмалку две лица загинале во текот на бурата. Во главниот град Тајпеј големи челични плочи и шипки се истргнати од полуизградениот стадион, а градските власти ги сопреа некои од автобуските и линиите на подземната железница.
Стотици луѓе беа евакуирани додека бурата му се приближуваше на островот преку пацифичкиот океан во петокот, а армијата стави во состојба на приправност десетици илјади војници на илјадници возила за операции за спасување.
Тајванската државна метеоролошка служба објави дека тајфунот уште е силен, со ветрови околу центарот и до 100 километри на час. Тајфунот Суделур се споредува со тајфунот од 2009 година Моракот, кој преку јужниот дел на Тајван направи широк пат на кој сé беше уништено, а во кој животот го загубија или сé уште се водат како исчезнати околу 700 луѓе, додека штетата беше проценета на три милијарди американски долари.
Се проценува дека Суделур ќе го напушти Тајван околу пладне во саботата по локално време, како и дека може да ја погоди кинеската провинција Фуџиан, каде што властите веќе започна да го евакуираат населението кое живее крај брегот.
Тајфуните се вообичаени во овој период од годината во Јужнокинеското Море и на Пацификот, при што моќта ја добиваат од топлите води а ја губат со приближувањето кон копното./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.