Контакт

Забава

Мона Лиза осамена, стравот од вирусот го затвори „Лувр“

Објавено пред

Мона Лиза е повторно сама.

dobivaj vesti na viber

„Лувр“, најпосетениот музеј во светот и дом на ремек-делата на Леонардо да Винчи, не отвори во средата утрото бидејќи вработените се плашат од коронавирусот, објавија светските медиуми.

Персоналот на познатиот музеј во Париз не доаѓа на работа од неделата стравувајќи од инфекција. Неколку стотици луѓе, кои чекаа во редица пред „Лувр“, беа пречекани со знак на кој пишува: „Поради исклучителни околности, музејот ќе се отвори подоцна.“

Управата претстави серија нови антивирусни мерки во обид да ги натера вработените да се вратат на работа. Меѓу предлозите се зголемени дистрибуции на гелови за дезинфекција и почести ротации на вработените за да може почесто да си ги мијат рацете.

Минатата  9,6 милиони луѓе го посетија музејот во кој се изложени делата на Да Винчи, универзалниот гениј од Тоскана, а повеќето од посетителите беа од странство.

 

Забава

Џеј Ло фотографирана среде гласините за развод од Афлек, детаљ на нејзината рака привлече внимание

Објавено пред

Гласините за разводот на Џенифер Лопез и Бен Афлек кружат веќе подолго време, а „шушкањата“ дополнително ги подгреа еден детаљ од новите фотографии на актерката во Лос Анџелес. Имено, папараците ја снимиле во автомобил, а на раката не носела бурма.

dobivaj vesti na viber

Покрај тоа, Афлек се појавил без придружба на матурската забава на неговата ќерка. На фотографиите кои ги објави Дејли Мејл, актерот има мрачен израз на лицето и во раката држи лименка пиво. Оваа сцена загрижи многу луѓе бидејќи се знае дека тој во минатото бил алкохоличар и се опоравувал.

Како што пишува In Touch Weekly, актерот решил да се разведе од пејачката, а наводно веќе се иселил од куќата која ја делат. Ова го потврди извор близок до парот.

„Готово е, тие се разведуваат, а овој пат Бен не треба да се обвинува за тоа“, тврди инсајдерот.

Џенифер и Бен планираа да се венчаат на почетокот на 2000-тите, но врската не траеше и двајцата завршија со други сопружници. Лопез подоцна се раздели од пејачот Марк Ентони, а Афлек се раздели од актерката Џенифер Гарнер.

Лопез и Афлек ја обновија врската и се венчаа пред две години.

Прикажи повеќе...

Забава

Кејт Мидлтон нема да се појави на парадата во јуни

Објавено пред

Бакингемската палата потврди дека принцезата Кејт Мидлтон нема да се појави на парадата во средината на јуни, и покрај многуте очекувања.

dobivaj vesti na viber

На парадата, позната како Trooping the Colour, ќе учествуваат кралот Чарлс и кралицата Камила. Но, овој пат, наместо на коњ, кралот ќе биде во кочија, а се верува дека тоа е препорака на лекарот поради неговата дијагноза рак.

Да потсетиме, Кејт во јануари заврши во болница каде и беше оперирана. Два месеци подоцна таа на социјалните мрежи објави дека боледува од рак. Таа не ги откри деталите за нејзината болест, а јавноста побара приватност за време на нејзиното закрепнување.

Меѓутоа, во последно време Кејт се почесто се дружи и излегува од дома.

Дејли мејл истакнува дека принцезата од Велс почесто ја гледале со своето семејство во последните неколку недели, а вработените во палатата велат дека биле преплавени со десетици илјади писма во кои и посакувале добро на принцезата откако и била дијагностицирана болеста. На адресата на палатата вообичаено пристигнуваат околу илјада писма неделно, а откако стана позната нејзината дијагноза, нивниот број се зголеми за десет пати.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Никол Кидман и Зак Ефрон имаат страсна сцена од 18+ во новиот филм

Објавено пред

Никол Кидман и Зак Ефрон повторно се обединија на екранот, 12 години откако глумеа во The Paperboy. Овој пат, ѕвездите од А-листата играат љубовници во романтичната комедија на Нетфликс A Family Affair.

dobivaj vesti na viber

Судејќи по трејлерот, ќе има уште секс сцени.

Во филмот, 56-годишната Кидман има бурна афера со шефот на нејзината ќерка, кој го игра Ефрон (36). На една сцена се гледа како австралиската актерка го турка актерот на креветот каде и ја скинува кошулата. „Те чекав вечно“, вели без здив додека се соблекуваат и страсно се бакнуваат.

Ефрон зборуваше за Пипл за улогата, велејќи за списанието: „Бев малку исплашен, но да се види повторно Никол е секогаш одлично. Таа е талентирана актерка, љубезна е, грижлива е и прекрасно е да се поминува време со неа“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ35 минути

20-годишник од Радовишко настрада по удар од гром

20-годишно момче од село Коџалија, радовишко синоќа почина по удар од гром, извести МВР. Околу 20 часот во Полициската станица...

Македонија47 минути

За грабнувањето и свирепото убиство на Вања и Панче – обвинение против четворица, за Палчо и за возачот продолжува истрагата

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица. Тројца од обвинетите се...

Македонија2 часа

(Видео) Апасиев: Не сте вмровци ако не ја збиберите од почеток

Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, на собраниската седница праша како Билал Касами, инаку избран пратеник и градоналник, може...

Македонија2 часа

„Опасна зона на Водно, испитување на гасовод на висок притисок, опасно по живот“, предупредува ЦУК

ЦУК ја пренесува информацијата од фирмата „Рапид Билд ДОО“ дека заради безбедност, движењето на граѓаните во близина на гасоводната делница...

Македонија2 часа

Османи – Блинкен: Евроинтегративниот процес, функционалната мултиетничка демократија и почитувањето на трите договори се неопходни за зачувување на стабилноста на земјата

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се сретна со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, на маргините на неформалниот...

Македонија4 часа

ЛДП: Изгласана доверба на претседателката Зајкова и раководството

Либерално-демократската партија вчера вечер ја одржа првата седница на Централниот одбор по изборите. Централниот одбор донесе одлука со која дава...

Македонија4 часа

Комеморација за Џаро в понеделник, музички ѕвезди ќе зборуваат за него

В понеделник, на 3 јуни во Домот на култура во Ѓорче Петров од 12 часот, ќе се одржи комеморација за...

Свет4 часа

Трамп по пресудата: Ова е срамота, народот ќе го каже својот збор на 5 ноември

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја нарече срамота пресудата во Њујорк, со која беше прогласен за виновен за фалсификување документи...

Европа5 часа

(Видео) Русите го нападнаа Харков, ракети погодија станбени згради, најмалку тројца загинати

Најмалку три лица загинаа во рускиот напад на Харков, Украина, а 16 се ранети, јавува Ројтерс. Руски ракети погодија три...

Европа5 часа

Бајден и дозволи на Украина да ја нападне руската територија со американско оружје, со ограничување

Американскиот претседател Џо Бајден и даде дозвола на Украина да користи американска муниција за напади на руска територија, под услов...

Свет5 часа

Историска пресуда: Трамп виновен по сите обвиненија

Во првиот кривичен процес против републиканецот Доналд Трамп, поротата одлучи дека поранешниот американски претседател е виновен по 34 точки од...

Македонија17 часа

Поради несреќа, прекин на сообраќајот на патниот правец Битола – Демир Хисар

Од 18:50 часот поради случена сообраќајна незгода, во прекин е сообраќајот на Р1305 Битола – Демир Хисар, во двата правци,...

Топ20 часа

Силувана малолетничка во Скопско

Вчера попладне во 14.10 часот во СВР Скопје, М.Г., во присуство на социјален работник, пријавила дека на 17.05.2024 во скопско...

Македонија21 час

Ниту еден од предложените кандидати не го доби потребното мнозинство за избор за претседател на Уставниот суд, седницата продолжува утре

Во Уставниот суд денеска се одржаа четири круга на гласање за избор на претседател на Уставниот суд. „Ниту еден од...

Македонија22 часа

Евроамбасадорот Гир не сакаше да ги коментира случувањата во ДУИ

Нема да коментирам внатрешнополитички случувања и изјави на лидери во земјата, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир, прашан од новинарите како ја...

Македонија23 часа

ДУИ навредена од ВМРО-ДПМНЕ: Владата не е нивна играчка

Демократската унија за интеграција преку соопштение објави дека е скандализирана од, како што велат, навредливиот наратив на ВМРО ДПМНЕ кој...

Топ24 часа

Малолетник прегазен од автомобил во Скопје: возачот побегнал

Во СВР Скопје синоќа во 21.03 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„Хасан Приштина“ и бул.„Словенија“ во Скопје, патничко...

Македонија1 ден

Општина Аеродром: ДУП-от за Лисиче предвидува само една зграда, два парка и решава важни комунални прашања

Советот на Општина Аеродром, на вчерашната седница го усвои деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче. Од општината велат...

Македонија1 ден

Меџити: Три-четворица пратеници од „Европскиот фронт“ ќе бидат дел од новото мнозинство

Првиот човек на Демократското движење – партијата што е дел од коалицијата „Влен“, Изет Меџити, во интервју за „А2 Си-ен-ен“...

Македонија1 ден

Денес избор за претседател на Уставниот суд, ќе се знае кој ќе ја наследи Кацарска

Денеска во 10 часот е закажанa седница за избор за претседател на Уставниот суд. Според член 7 од Деловникот, Уставниот...