Економија
Доаѓа Cammeo – најдоброто такси во регионот пристигнува во Македонија
Македонија и Скопје се петтата држава и четириесетиот град во кои ќе работи оваа служба. На македонскиот пазар влегува со инвестиција од 2 милиона евра и во старт отвора 250 работни места.
Акцентот го става на европски стандарди за квалитет на такси услуги, како и на еколошката компонента, при што Cammeo ќе биде првото „зелено“ такси на улиците на Скопје.
Македонските градови, а пред се Скопје во однос на квалитетот на воздухот редовно се на листата најзагадени во светот. Меѓу главните причинители на аерозагадувањето се посочени возилата и транспортот, пред се заради застарениот возен парк со високо ниво на издувни гасови. Што ќе понуди компанијата Cammeo на македонскиот пазар, за да придонесе во заштитата на воздухот и генерално во намалување на загадувањето?
Cammeo како водечки такси превозник во овој дел од Европа, од 2006-та година континуирано поставува високи стандарди во секој аспект на своето работење, па така и од аспект на еколошката свесност и заштита на животната средина.
Во таа насока, токму Cammeo ќе биде првото и единствено „зелено“, односно еколошко такси на улиците на Скопје. Имено, на ниво на цела Cammeo групација, покрај тоа што сите наши возила се нови, исто така истите возат на плин (ЛПГ) кој е еколошки прифатлив. Кога е во прашање македонскиот пазар, такси возилата на Cammeo ќе возат на енергетски многу поефикасниот гас метан (CNG), кој, по електричната енергија е еколошки најприфатливо погонско гориво. Со оглед на тоа што Скопје спаѓа во редот на најзагадените градови, Cammeo порачува дека токму неговите „зелени“ такси возила ќе придонесат како во подобрување на квалитетот на воздухот, така и во квалитетот на животот во градот генерално.
Притоа, Cammeo нема да запре тука од аспект на заштита на животната средина, туку напротив, веќе започна и со електрификација на флотата во Словенија како пилот проект, при што таквата пракса планираме во блиска иднина да ја спроведеме во сите земји каде што Cammeo работи со крајна цел да постигнеме нула емисија на загадување и здрава животна средина.

„Приказната за Cammeo“
Македонските работници се ценети во светот. Но, за да се успее во бизнисот е потребно нешто повеќе – идеjа, услови, храброст… Што е тоа што најмногу придонесе еден Македонец, гoсподинот Владимир Миновски, да успее во бизнисот со Taxi Cammeo во Хрватска. И не само тоа, туку истиот бизнис да го развие и успешно да настапи и на меѓународниот пазар?
Cammeo, како регионален гигант денеска брои 1.400 вработени и има флота од 900 автомобили. Достапен е во 40 градови и 5 држави. Во последните 14 години стана дел од секојдневието на илјадници луѓе во Хрватска, Словенија, Србија и Чешка, а токму поради Cammeo, такси превозот им стана достапен на сите – од ученици и студенти до пензионери. На илјадници патници во овие држави по појавувањето на Cammeo, возењето со такси им стана своевидна дневна рутина.
Денес, Cammeo континуирано пишува нови поглавја во својата успешна приказна, а следното ќе го испишеме во Македонија. Конкретно, за почеток на улиците на Скопје.
„Визијата на Владимир Миновски“
Настапот на нов пазар е дел од визијата на Владимир Миновски, сопственик и генерален директор на Taxi Cammeo, во која е предвидено овој регионален такси-лидер во догледно време да ја заземе водечката позиција на такси картата на Европа.
Владимир Миновски, успешен бизнисмен и визионер во доменот на такси превозот, е инволвиран во развојот на компанијата од самите почетоци во Риека во 2006 година.
Во следните 14 години ги помина сите фази во развојот и растот на овој такси гигант, а последните 6 години е ангажиран како генерален директор.

Како што самиот милува да каже, за успехот во еден дел е заслужна и неговата спортска кариера. Имено, тој 6 години професионално се занимаваше со кошарка, а токму навиките со кои се стекна низ спортот, како што се дисциплината, тимскиот дух и посветеноста, му помогнаа во работата, а му помагаат и денес.
Конкретно, Миновски тврди дека е лесно да се повлече паралела помеѓу бизнисот и спортот. И едното и другото бараат добра подготовка, квалитетни играчи, тактика, добар тренер и желба за победа, а кога сите тие елементи ќе се состават, нема да недостигаат ниту поени, ниту успеси.
Вашиот бизнис е брзорастечки, но е непходна голема инвестиција при настапот на нов пазар, како и соодветен кадар, без кој компанијата би ги загубила својата препознатливост, имиџ и еден од адутите за привлекување задоволни клиенти. Што е тоа што ќе го понудите како инвестиција при настапот на македонскиот пазар?
Што се однесува до доаѓањето на македонскиот пазар, Cammeo влегува со инвестиција вредна 2 милиона евра и во стартот ќе отвори 250 работни места, од кои 200 за возачи и 50 за менаџмент функции т.н. „ладен погон“.
Настапот на Cammeo сигурно ќе придонесе за подобрување на економската слика во земјата со оглед на бројката на работни места кои се планира да се отворат. При вработувањето секогаш се дава предност на локалното население и така се придонесува за осигурување на нивната и егзистенција на нивните семејства.
Нови работни места и одлична плата
Ретки се компаниите каде се среќни и работодавачите и клиентите, но и вработените. Која е тајната токму вашата компанија да биде пожелна за вработување? Што е тоа што им го нудите или овозможувате на вработените, а што тешко можат да го најдат на друго место?
Cammeo од самите почетоци се води од идејата дека компанијата е од луѓето за луѓето. Тоа значи дека еднакво се грижи за вработените, кои ги смета за свое семејство, но и за патниците на кои секогаш настојува да им пружи најдобра услуга.
Возачите на Cammeo во Македонија, првите три месеци ќе имаат загарантирано највисока плата во нивната бранша. Освен тоа, ќе им биде понудено и флексибилно работно време, а на располагање ќе имаат логистичка и секаков вид поддршка 24 часа, 7 дена во неделата.
Исто така, ќе се погрижиме новите Cammeo-вци да почнат со смените целосно подготвени за да можат својата работа да ја извршуваат квалитетно, сигурно и на крајот да бидат задоволни. При што, истите ќе бидат дел од Cammeo академијата преку добивање на стандардизирана едукација за постигнување на најквалитетни такси услуги.
Имено, Cammeo е единствената такси компанија во ЕУ со ИСО 9001 сертификат. Затоа ги повикуваме сите заинтересирани за работа да се јават преку контакт-образецот на www.cammeo.mk
Услуга на сосема ново ниво
Вашиот бизнис се соочува со различни и пробирливи клиенти. Сите тие сакаат да го добијат тоа што им е понудено и што го плаќаат. Каква е разликата во услугите што ги нудите Вие во споредба со конкуренцијата, за да бидете пожелен партнер на корисниците?
Услугата за превоз на Cammeo се води од слоганот кој гласи: „Каде и да одиш, ние одиме во твојот правец“.
Ние нудиме, најдобар и најсигурен такси превоз на кој ќе можат да се ослонат жителите на Скопје и нивните гости, 24 часа дневно, 7 дена во неделата.
Cammeo ќе може да се нарача преку кол центарот и преку апликација на iOS и Android смарт телефони. Освен тоа, нудиме и бројни погодности за патниците, како што е плаќање со картичка преку апликацијата и во возилото, што ќе им го направи возењето безгрижно и уште поудобно.
Господинот Владимир Миновски не го крие задоволството заради доаѓањето на новиот пазар, во родната Македонија, а како што вели самиот, тука не е крајот на експанзијата на Cammeo.
„Засега не би открил премногу. Само можам да кажам дека во блиска иднина возилата на Cammeo ќе ги гледате по улиците на уште неколку регионални и европски градови“, заклучува Миновски.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

