Регион
Илјада турски специјалци го спречуваат враќањето на мигрантите од Грција

Анкара распореди околу 1.000 специјалци на границата за да ги спречи грчките граничари да ги вратат мигрантите назад во Турција, соопшти турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, пренесува „Дејли сабах“.
„Само од Едрене во Грција преминаа 139.070 бегалци. Грција се обиде да врати со помош на Фронтекс 4.800 бегалци во Турција. За да го спречиме тоа, на границата се распоредени околу 1.000 специјалци. Во судирите на границата се повредени 164 бегалци, кои сега се хоспитализирани“, рече Сојлу.
Според Сојлу, вестите што ги шират грчките власти и медиуми за бројот на бегалци што преминале од Турција во Грција не се точни.
По влошувањето на ситуацијата во сириски Идлиб, Турција најави дека веќе нема да го спречува мигрантскиот бран и ги отвори своите граници кон ЕУ по што кон Грција тргнаа илјадници мигранти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.