Македонија
Чулев: Натпреварот Македонија-Косово може да се игра со публика

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев на денешните средби со раководствата на СВР Тетово и ОВР Гостивар, потенцираше дека политичките, националните и етничките разлики не треба да се пречка за успешна соработка во организација на парламентари изборите и фубалскиот натпревар помеѓу македонската и косовската фудбалска репрезентација, кои следат.
Полициските служеници треба да постапуваат професионално и одговорно, во согласност со законите.
Министерот оцени дека натпреварот на нашата фудбалска репрезентација со косовската може да се игра со публика, а одлуката за тоа дали ќе биде така поради можната опасност од коронавирусот, не ја носи Министерството за внатрешни работи, туку Владата.
На средбите, министерот Чулев беше информиран за безбедносната состојба на територијата на СВР Тетово, односно дека е стабилна и без посебни нарушувања на јавниот ред и мир, со посебен акцент на 2019 година кога е забележан пад на бројот на сторени кривични дела, а зголемен е бројот на откриени сторители.
На средбите беше разговарано и за значењето на превенцијата во полициското работење и беше заклучено дека превентивната улога на МВР е сегментот на кој во иднина треба да се посвети посериозно внимание.
Министерот Чулев беше запознаен и со мерките кои ги презема СВР Тетово за обезбедување на лицата кои се вратиле од подрачјата каде е регистриран зголемен број на заразени од корона вирусот, како и за мерките кои се преземаат во пресрет на фудбалскиот натпревар помеѓу македонската и косовската фудбалска репрезентација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Големи колони на границата со Грција пред празникот

Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција.
Со оглед на тоа што утре е неработен ден, 1. Мај, голем број грѓани се упатија кон туристичките места.
Како што може да се забележи на видео камерите, на останатите гранични премини нема големи задржувања.
Македонија
Поддршка од министерот за правда за Пандов чијашто куќа беше запалена: „Случајот бара одлучна акција“

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов и бара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого казнат можните сторители.
„Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители“, вели Филков.
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, претходно, на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. Нема да не запрат и нема да не поколебаат, напиша тој.
Македонија
Кирков: Вработените во ЗОО последно земале февруарска плата

До Стефан Кирков, којшто е член на Советот на Град Скопје, пристигнала молба од вработените во скопската Зоолошка градина и барање за реакција и помош. Го известиле дека последна плата која ја земале е фебруарската плата и одтогаш немаат никакво примање.
„Веќе сме мај, а овие вработени се оставени без примања и навистина сум запрепастен до каде ќе се оди со непрофесионалноста во ова раководство на Градот и кадрите кој ги поставува?! Вработените од утре ќе бидат и без здравствено осигурување !!! Поминаа празници како 8ми Март, Рамазан Бајрам , Велигден на праг е и 1ви Мај а вработените се оставени и заборавени замислете да им се исплати плата !!! Цели фамилии страдаат од нечија непрофесионалност!“, напиша Кирков на социјалните мрежи.
Тој ги проѕва Град Скопје , Данела Арсовска и Зоран Попов сигнализирајќи и дека состојбата може да доведе до протести.