Македонија
Возачот на автобусот во кој биле заразените сопружници денеска донел нови патници од Италија

Министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција истакна дека возачот на автобусот со кој од Италија допатуваа двајцата сопружници заразени со коронавирус, во меѓувреме повторно заминал за Италија, а со нова тура патници во моментов се наоѓа на граничниот премин Табановце.
Сопружниците од Италија во земјава допатувале на 27 февруари, а дека се заразени со коронавирус извесно стана вчера, кога пријавиле симптоми и добиле позитивни резултати по тестирањето.
„Возачот на автобусот ќе биде прегледан и тестиран. Направен е целосен увид и ќе се направат прегледи на сите патниици кои влегле во земјата“ рече министерот Филипче.
Инаку, двајцата патници кои вчера беа дијагностицирани со коронавирус се во стабилна состојба.
Пронајдени се уште девет лица кои биле во близок контакт со болните од Дебар, со што вкупната бројка на лица со кои контактирале засега е 38 и препишана им е домашна изолација и надзор.
Иако првично беше соопштено дека во автобусот имало 40 луѓе, сепак, како што кажа министерот Филипче, со заразените патувале 28 патници и сите се контактирани, извршени се анкети со нив, ќе им биде назначен домашен надзор. Меѓу патниците имало и еден патник од Албанија, за што е известено албанското министертво за здравство.
Министерот кажа дека целосно е подготвен објектот за изолација во Демир Капија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денес сончево време со температура до 28 степени

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.
Во Скопје, сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Македонија
Колони возила и утрово на граничниот премин со Грција

Големи колони има и утрово на граничниот премин со Грција, на излез од државата.
Од АМСМ велат дека времето на чекање на „Богородица“ е околу 30 минути. Зголемена фреквенција на возила, рано утринава имаше и на „Табановце“.
Гужвите наа грчката граница почнаа од вчера, со оглед на тоа што денешниот 1 Мај е неработен ден, а дел од граѓаните го поврзаа празникот се претстојниот викенд.
Македонија
Големи колони на границата со Грција пред празникот

Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција.
Со оглед на тоа што утре е неработен ден, 1. Мај, голем број грѓани се упатија кон туристичките места.
Како што може да се забележи на видео камерите, на останатите гранични премини нема големи задржувања.