Македонија
(Видео) Опозицијата бара од министерот Венко Филипче да поднесе оставка
Филипче да си даде оставка, здравството да не биде заложник на тендери за градба на Шпанско Село 2, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковки од Нерези каде, како што рече, на 15.500 метри квадратни се градат две од петте засега планирани касарни на Филипче, како дел од скандалот „Шпанско село 2“.
„Само во овој хибриден режим министер за здравство и неговите институции може да доделуваат тендери за набавки тешки милиони евра на сосопственик и градежен партнер на семејството на госпоѓата министерка Филипче. Венко Филипче за две години не успеа да направи ниту еден градежен зафат во медицинска инфраструктура, но затоа зад мене добитникот на јавни набавки со потпис на Филипче и на директорите под Филипче има градежни зафати за изградба на Шпанско село 2 заедно со семејството на Филипче“, рече Стоилковски.
Тој порача дека министерот Венко Филипче мора да замине од функцијата сега и веднаш и без одлагање.
„Венко Филипче мора да замине и да одговори, како со чесна државна плата се стигнува до 15.000 квадрати на Водно?
Венко Филипче мора да замине и да одговори, како градежен партнер и сосопственик на имоти со семејството на Филипче добива 8 милиони евра на тендери? Венко Филипче мора да замине и да одговори, зошто зад мене на задолжителната информациска табла стои семејна куќа ако градежната дозвола е А4 за времено сместување? Венко Филипче мора да замине и да одговори, дали овој градежен зафат за времено сместување што опфаќа и дом за стари лица е резултат на разговорите со Боки 13? Венко Филипче мора да замине и да одговори, уште колку нему блиски функционери имаат парцели во делот на Шпанско село 2? Венко Филипче мора да замине и да одговори, дали и во овој период до изборниот пораз итните тендерски набавки може да ги добие неговиот семеен градежен партнер?“, порача Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекоа инспекторите во маркетите низ државата
Приближно четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава. Со акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, контролирани беа 188 оператори со храна од оваа категорија.
Кај 10 оператори, со контролите утврдени се полесни повреди од областа на безбедноста на храната (неселектираност на разладни уреди, нејасни и нечитки декларации на производите и слично), за што се изречени мерки опомена, а во 2 маркета констатирано е дека вработените лица немаат санитарни книшки.
Кај 6 од контролираните меркети утврдено е дека немаат имплементирано процедури за примена на правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса, а кај 14 маркети затекната била храна со изминат рок на траење.
Како небезбедени во рамки на оваа акција на Агенцијата, од операторите одземени и нештетно уништени се над 253 килограми храна (месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи).
Македонија
Променливо облачно време со врнежи од дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Намалена видливост поради магла кај Плетвар, Крушево, Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Врнежи од снег на планинските премини Ѓавато и Буково без задржување на коловоз.
Намалена видливост до 50 метри и појава на магла на планинскиот премин Плетвар, Крушево до 50 м. Стража до 80м. и на патниот правец Тетово – с.Лисец до 80 м, јавува АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21 ноември е затворен за сообраќај за сите видови возила.

