Контакт

Вести

Оливер Стоун во одбрана на Путин

Објавено пред

Славниот холивудски режисер Оливер Стоун добитник на три Оскара, застана во одбрана на рускиот претседател Владимир Путин, кој според него со право „не го пуштил Крим“, во интервјуто објавено во вторникот во Росискаја газета.

dobivaj vesti na viber

„Многу Американци не разбираат дека Путин ги штити клучните геополитички интереси на Русија“, во кризата со Украина, вели американскиот режисер Оливер Стоун.

„НАТО и’ се додворуваше на Украина за Русија да остане без својата флота чие седиште е во Севастопол“, на Крим, црноморскиот полуостров со мнозинско руско население кое откако во февруари годинава прозападните сили по безредијата во Киев ја земаа власта, на референдум во март ја поврати автономијата укината во 1990-те кога Украина стана самостојна и се присоедини на Руската Федерација. Западот го смета тоа за руска анексија на украинска територија.

„Разбирам зошто Путин не можеше да го пушти Крим“, резимира режисерот кој честопати во своите филмови обработува политички теми како што е атентатот врз американскиот претседател Џон Ф. Кенеди или аферата Вотергејт која беше директна причина првпат во историјата на САД, шеф на државата – Ричард Никсон – да биде принуден да отстапи од должноста.

Според Стоун, кризата во Украина е стратегија на НАТО која настојува да се приближи на руските граници и покрај гаранците коишто Вашингтон му ги даде на поранешниот челник Михаил Горбачов непосредно пред распадот на Советскиот сојуз во 1991 година а потоа потврдени и со низа билатерални договори со руските раководства.

Кон почетокот на август славниот американски режисер, сценарист и продуцент напиша на својот профил на Facebook дека стремежот на САД да доминираат во светот може да се претвори во глобална катастрофа.

„Мразам да кревам паника во кој и да е облик, но сега сум преплашен. Не можам да молчам, гледајќи како слоумошнот на катастрофата го прекрива светот… ‘Бесниот пес’ Нетанјаху продолжува да го расипува угледот на САД во цивилизираниот свет со варварското крвопролевање во Газа. И покрај тоа, тоа не ги принуди САД да скршнат од фаталниот пат кој води во Источна Европа“, напиша режисерот.

Стоун потсетува дека американскиот претседател Барак Обама им порача на своите критичари дека „Очигледно, луѓето забораваат дека Америка како најмоќната нација на Земјата, сѐ уште нема целосна контрола над светот“.

„Тоа е многу смела изјава, доколку подразмислите. Од кога доминацијата во светот стана официјална политика на САД? Мислам, до 1991 година, до моментот на падот на комунизмот, но сега кога маските од нашите наместени насмевки паднаа, ние како граѓани на светот, а не само како Американци, треба нешто да направиме во оваа нова реалност: САД сакат да го контролираат светот и ние нема да се откажеме од обидите да го намалиме влијанието на Русија, Кина и Иран. И ќе прибегнеме кон постигнување на тоа со какви да се средства, вклучително и војна“, напиша во продолжение Оливер Стоун.

Малку претходно, славниот режисер повика да не се замаат со целосна верба информациите на американските медиуми кои ја обвинуваат Русија за вмешаност во уривањето на малезискиот патнички авион на 17-ти јули во источна Украина кога загинаа 298 луѓе.

Оливер Стоун, кој само што го сними документарниот серијал во десет епизоди под насловот „САД: Никогаш нераскажана приказна“, за најмрачните настани од американската историја, задно со украински продуценти е копродуцент на документарецот „Украина во пламен“ за кој би сакал да направи интервју со рускиот претседател Владимир Путин./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Собранието изгласа недоверба на пет членови на Судскиот совет

Собранието изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Весна Дамева, Тања Чачарова Илиевска и Миљазим Мустафа....

Топ2 часа

Велешанец удрил во полициско возило: бегал од лица што му го попречиле патот и започнале да го следат

Синоќа во 22.10 часот во СВР Велес, К.В.(47) од село Кочилари, општина Градско, пријавил дека околу 20.25 часот пред неговиот...

Македонија4 часа

Чачарова-Илиевска: Не планирам денес да одам во Собранието за интерпелацијата, таа е недозволива и акт на преседан

Тања Чачарова-Илиевска од Судскиот совет нема да присуствува на седницата во Собранието за нејзината интерпелација заедно со интерпелациите за Весна...

Топ5 часа

Уапсени 11 лица, пронајдени оружје, документи, возила: МВР за вчерашната акција

Вчера е спроведена полициска акција од страна на Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО за ГОКК, при што...

Македонија6 часа

Жерновски: Добредојдовме во новото ненормално, во кое сме западнобалканска копија на Орбан

Поранешниот амбасадор и поранешен заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, преку објава на социјалните мрежи реагира на владината надворешна политика....

Македонија6 часа

Спречени обиди за шверцување облека и парфеми со потписи на познати трговски марки, суплементи за миленици

Царинската управа извести дека во текот на минатата недела, царинските службеници спречиле повеќе обиди за криумчарење разна стока. „636 парчиња...

Македонија7 часа

(Видео) Андоновски го призна скандалот со тендерите, кои завршиле кај сопругот на неговата државна секретарка, ДКСК и Обвинителството итно да постапат, бара СДСМ

„СДСМ јавно ја повикува Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи за скандалот со тендрите во Министерството за дигитална...

Македонија7 часа

Холокаустот не почна со гасни комори, туку со зборови на омраза, со мали зла, што не беа спречени, рече Мицкоски на 82-годишнината од депортацијата на македонските Евреи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, присуствуваше и се обрати на настан по повод 82 години...

Македонија8 часа

„Денес, ќе чуете како криминалците на Филипче, поради провизии и бизниси со неговиот бизнис-ас Јахоски, го труеле народот со канцероген мазут“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Врвот на лицемерието кога СДС и Филипче ронат солзи за аерозагадувањето, а поради бизнис и пари нивниот пратеник и бизнис...

Македонија9 часа

(Фото) Почна официјалната посета на претседателката Сиљановска-Давкова на Република Азербејџан

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утрово во Баку беше примена од претседателот Илхам Алијев,...

Македонија9 часа

„Ако Мицкоски ги отфрли барањата на ССМ, ќе го доставиме предлогот до Собранието и ќе се мобилизираме за протестите“, велат од партијата Левица

„Поради живеењето во раскош и луксуз, Владата на Мицкоски не може да се поистовети со тоа како обичниот работник крпи...

Европа10 часа

Шефот на украинската армија: Ги зајакнуваме силите во Курск

Украина го зголемува бројот на силите во областа Курск во Русија, изјави денеска украинскиот врховен командант Олександр Сирски, пренесе „Си-би-ес...

Европа10 часа

Зеленски нема да учествува на денешните мировни преговори меѓу украинските и американските претставници

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да учествува на денешните мировни преговори меѓу украинските и американските претставници во Саудиска Арабија, но...

Европа11 часа

(Видео) Русија: Украина изврши напади со беспилотни летала врз Москва

Руските единици за противвоздушна одбрана уништија најмалку 11 украински беспилотни летала на пат кон Москва, изјави рано утрово градоначалникот на...

Регион11 часа

(Видео) Вучиќ си замина додека Дачиќ даваше изјава: „Ова не можам да го слушам“

Српскиот претседател Александар Вучиќ и министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ синоќа приредија своевидна драма додека даваа изјави откако го...

Регион12 часа

(Видео) Српската полиција се судри со студентите пред зградата на РТС

Студентите од Србија, кои подолго време се во блокада против режимот на Вучиќ, ја блокираа зградата на Радио телевизија на...

Македонија1 ден

ССМ најави можен штрајк на 2 и на 7 април доколку Владата не ги повика на преговори за 500 евра минимална плата

Големи се шансите на 2 и на 7 април, доколку нема слух од спротивната страна, Сојузот на синдикатите на Македонија...

Македонија1 ден

Камбовски: Личен чин е дали членовите на Судскиот совет ќе поднесат оставки или не

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски денеска изјави дека набрзо ќе биде избран в.д. претседател на Врховниот суд, а изборот...

Македонија1 ден

Андоновски до потписот не знаел дека компанијата што добила два тендера во неговото министерство е на сопругот на државната секретарка

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски не ги поништил тендерите за набавка со компанијата сопственост на сопругот на државната секретарка...

Свет1 ден

Кремљ: Русија и САД имаат долг и тежок пат пред нив

Русија верува дека обновувањето на односите со САД е долгорочна и тешка задача, но верува дека постои политичка волја за...