Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ќе инвестираме во македонските брендови и креативни индустрии
По победата на 12-ти април следуваат пакет мерки за инвестиции во културата и дигитализација на културното и уметничкото наследство, најавува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе значи капитален проект за дигитализација на културното и уметничкото наследство, со цел истото да го сочуваме од заборавот на времето и да го направиме подостапно за јавноста.
Се обврзуваме на обнова која ќе опфати реконструкција на зградата на Музеј на Македонија согласно современите архитектонски стандарди.
ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе опфати инвестиција во македонски брендови и креативни индустрии. Ова значи финасирање и системска поддршка за развојот на креативните индустрии во културата како економски ресурс за креирање нови работни места, приходи и одржлив развој.
ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе овозможи делегиран буџет за културните установи. Ова подразбира сигурност во финансирањето на проекти во културата, но и мотивација за награда за најуспешните.
Се обврзуваме на обнова која ќе овозможи стимулирање на бизнис секторот да инвестира во културата. За таа цел ќе направиме измени во постојниот закон со кој ќе се овозможи повеќе инвестиции на стопанството во сферата на културата. Оолеснувањата ќе овозможат поттикнување на бизнисот да насочува повеќе средства во развојни проекти во културата.
ВМРО-ДПМНЕ се бори да има повеќе за секого во државата.
На 12-ти април следува победа на ВМРО-ДПМНЕ и сите граѓани на Република Македонија.
Заеднички со народот ќе се избориме за обнова на Република Македонија и целосна реализација на проектите и мерките од програмата на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Сопиште и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 07:30 до 15:00 часот, корисниците на блокот на згради од булеварот Партизански Одреди бр.17 кон улица Максим Горки, општина Центар.
· во периодот од 07:45 до 15:30 часот, корисниците на селата Јаболци, Ново Брезница, Патишка Река, Држилово, Малчиште, Црн Врв, Елово, Осинчани, Карст с.Јаболци Викендици Држилово, Сателитски Центар, Ново Брезница, Рудпроект, Јаболци, Патишка Река, општина Сопиште.
· во периодот од 08:30 до 10:30 часот, корисниците на улицата Тале Христов, Поликлиника ВФВ и Објектите околу ВРВ Поликлиник, општина Бутел.
· во периодот од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците на улицата Елисие Поповски – Марко бр.21,47 и други корисници во непосредна близина, општина Центар.
Македонија
Делови од Центар и Аеродром денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
– поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата Франклин Рузвелт бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно потегот од Орце Николов до Благој Давков, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.
– поради промена на вентил во шахта ф-2“ на улицата Венијамин Мачуковски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Поради разведрувањето утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а дневната ќе бележи тенденција на благ пораст.

