Спорт
Едниот Богдановиќ блескаше против Портланд, другиот против Детроит (Видео)
Пет натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Мемфис славеа против Атланта и се зацврстија на осмата позиција на Западот. Нивната позиција ја напаѓаат Сакраменто Кингс кои славеа во Портланд и ги оддалечија Блејзерси од местото кое води во разигрувањето. Хјустон во Шарлот го забележаа третиот последовен пораз, додека Голден стејт славеа против Филалдлефија.
Порталнд полека ги губат шансите за пласман во плејофот. Минатогодишните финалисти на Западот им го препуштија деветтото место на Сакраменто. Кингс славеа во Портланд со 123:111. Богдан Богдановиќ ги предводеше Сакраменто со 27 поени, Бади Хилд постигна 22, а Херисон Барнс 20 поени. На спротивната страна Си Џеј Мекалом и Хасан Вајтсајд реализираа по 19 поени.
Одлична ноќ имаше и другиот Богдановиќ, Бојан од Јута Џез. Хрватот постигна 32 поени во победата на Џезерите над Детроит 111:105.
Денвер забележаа уште еден изненадувачки пораз. Кливленд ги победија Нагетс со 104.102. Кевин Лав со 27 односно Колин Секстон со 25 поени беа најзаслужни за победата на Кавалирс.
Мемфис убедливо победија против Атланта 118:101. Гризлис ги предводеше Јонас Валанчиунас со 27 поени 17 скока.
Шарлот како домаќини го совладаа Хјустон со 108:99. Ова беше третиот пораз во низа за Хјустон, во чии редови Џејмс Харден забележа трипл-дабл од 30 поени, 10 скока и 14 асистенции. најефикасен кај Хорнетс беше Тери Розир со 24 поени.
Голден стејт ја запишаа 15 победа во сезоната. Вориорс, повторно без Стеф Кари, славеа во дуелот со Филаделфија 118:114.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

