Македонија
ЛДП на изборите ќе коалицира со СДСМ

Членовите на Централниот одобор на ЛДП одлучија на престојните избори да коалицираат со старо-новиот партнер СДСМ, потврди претседателот на Либерално-демократска партија, Горан Милевски.
„На Централниот одбор на Либерално-демократската партија што се одржа вчера, членовите оценија дека досегашното коалицирање со СДСМ е успешно, така што во следниот период треба да се заокружат реформите во целост за успешен европски интегративен процес. Партијата очекува дека либералните вредности и барања ќе се почитуваат од страна на нашите партнери“, вели Милевски.
ЛДП дискутираше и ги утврди кандидатите за пратеници кои дополнително ќе се промовираат во јавноста.
Потсетување дека на минатите парламентарни избори од ЛДП три пратеници кои влегоа во Собранието, две се жени. Речиси 50 проценти од советниците на ЛДП во општинските совети се жени.
„Ние на овој интернационален ден на жената како либерали бараме родова еднаквост во општествово. Морам со гордост да истакнам и дека од четири потпретседатели во партијата, две се жени. Жените во нашата партија имаат одговорни функции, не поради квоти, туку поради квалитетот и исполнителноста“, додаде Милевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.