Македонија
Мицкоски: Заев и Милошоски имаат недокажани работи, треба да се соочат на дебата

„СДСМ тврдат дека тие не ги објавиле бомбите за Антонијо Милошоски, бидејќи, во спротивно, би признале дека не ги предале сите материјали во СЈО“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан за коментар по денешната изјава на претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој негира дека од кај нив излегле новите прислушувани разговори.
Мицкоски претпоставува дека ќе продолжат и понатаму на „Јутуб“ да се појавуваат вакви снимки и додава дека Заев и Милошоски би требало да се соочат на ТВ дебата.
„Претпоставувам дека има некои работи кои што не им се доискажани со господинот Милошоски. Во периодот што следи, претпоставувам ќе имаат можност да си кажат многу работи и едниот и другиот. Најубаво би било, бидејќи бега од мене од соочување на ТВ дебата, еве барем да прифати со господинот Милошоски да излезат на некој медиум па да си продискутираат што имаат како имаат околу работите кои што очигледно помеѓу нив двајца остануваат недокажани“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.