Спорт
Челси го декласира Евертон (Видео)

Фудбалерите на Челси го декласираа Евертон о 4:0 во 29 коло, во Премиер лигата. „Сините“ се зацврстија на четвртата позиција на табелата со 48 поени, додека Евертон се на 12 место со 37 бода.
Дуелот на „Станфорд Бриџ“ во целост му припадна на Френк Лампард кој тактички успеа да го надигра својот некогашен тренер Карло Анчелоти.
Како играа, фудбалерите на Евертон можат да бидат задовлни со поразот од четири гола. Челси со два блиц-крига го нокаутира противикот.
Во првиот дел резултатот го отвори Мејсон Маунт во 14 минута, а седум минути подоцна Педро го совлада одличниот Џордан Пикфорд.
Победата ја комплетираа со своите голови Вилијан во 51 и Оливие Жиру во 54 минута.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сејбен Ли се врати во Евролигата

Американскиот кошаркар Сејбен Ли се врати во Евролигата, во последните часови од преодниот рок кој заврши во 18 часот потпиша за Олимпијакос. Грчкиот тим, реагираше на пазарот поради повредите на Томас Вокап и Лука Вилдоза.
Тимот од Пиреја го купи американскиот плејмејкер од турска Маниса за 550.000 евра. Ли потпиша две и пол годишен договор со Олимпијакос.
Ли на почетокот на сезоната настапуваше за Маниса, потоа накратко го облече дресот на Макаби, но реши да се врати во Турција.
Сепак, тој уште еднаш го привлече вниманието на евролигашите со своите добри игри. Претходно беше заинтересирана и Барселона, но Олимпијакос беше поконкретен.
Ли одигра осум натпревари за време на неговиот престој со Макаби, со просек од 12 поени, два скока и речиси три асистенции по натпревар.
Во Маниса, во турскиот шампионат, имаше просек од 18,7 поени, 3,8 скока и шест асистенции по натпревар.
Спорт
Дрогба: Мојот „татко“ не е расист

Поранешниот фудбалер на Галатасарај и на Челзи, Дидие Дрогба застана во одбрана на Жозе Мурињо, откако од Галатасарај го обвинија за расизам.
По ремито без голови меѓу Фенербахче и Галатасарај во турското дерби, Мурињо го пофали словенечкиот судија Славко Винчиќ, а на неговиот помошник од Турција му порача дека дербито ќе било катастрофа доколку правдата ја делел некој од локалните судии. Тој беше обвинет и дека наводно им рекол на некои играчи од клупата на противничкиот тим дека „скокаат како мајмуни“.
Затоа Галатасарај најави жалба против Мурињо.
„Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, кој редовно дава погрдни коментари кон турскиот народ во јавноста откако почна да работи во Турција, сега додаде нехумана реторика на своите неморални изјави. Затоа ја информираме јавноста дека поради расистичките изјави на Жозе Мурињо ќе поднесеме кривична пријава до државното обвинителство и дека ќе поднесеме жалба и до УЕФА и ФИФА“, најави Глатасарај.
Дидие Дрогба, на кого Мурињо му беше тренер во Челзи, исто така се огласи на социјалните мрежи и застана во одбрана Португалецот.
„Знаете колку бев горд што го носев жолто-црвениот дрес, знаете колкава е мојата љубов најтрофејниот клуб во Турција. Сите знаеме колку може да бидат жестоки ривалствата и имав доволно среќа да ги доживеам. Ги видов неодамнешните коментари за Жозе Мурињо. Верувајте ми кога велам, го познавам Хозе „xy“ години и тој не е расист. Историјата (мината и понова) го потврдува тоа. Да се фокусираме на нашите игри, да ги бодриме „лавовите“ и да ја освоиме лигата за да се доближиме до петтата ѕвезда“, напиша Дрогба и додаде:
„Како може мојот „татко“ да биде расист? Немојте луѓе“.
Дрогба за Галатасарај одигра 53 натпревари, постигна 20 гола и забележа 13 асистенции.
Спорт
Оригиналниот Роналдо: Кристијано Роналдо е фантастичен, но не е најдобар во историјата

Кристијано Роналдо предизвика бура кога во интервју за шпанскиот канал „Ла Секста“ изјави дека е „најдобриот фудбалер на светот на сите времиња“.
„Оригиналниот“ Роналдо, одговори на ова прашање во интервју за ESPN. „феномено“ не го дели мислењето на Португалецот.
„Кристијано Роналдо имаше фантастична кариера, освои речиси се, постигна голови на секој можен начин. Тој сигурно е еден од најдобрите фудбалери во светот на сите времиња. Го почитувам неговото мислење, но не се согласувам дека е најдобар. Би рекол дека лесно може да биде меѓу првите десет“, вели легендарниот Бразилец.
Роналдо ги наброја десетте најдобри фудбалери на сите времиња.
„Пеле е на првото место, без сомнение. Потоа доаѓаат Меси и Марадона, изедначени. Следат Зико, Ромарио, Кристијано Роналдо, Ван Бастен, Зидан, Фиго, Ривалдо, Роналдињо… Цела плејада играчи. На тој список има многу ѕвезди, можеби некого ќе заборавам. Секој пат кога некој ќе ме праша да ја направам оваа листа, јас го правам тоа поинаку. Само првите три се секогаш исти.
На прашањето дали Нејмар е на тој список, „Феномено“ одговори:
„Нејмар е одличен играч. Му недостига трофеј од Светското првенство, но ги освои Олимписките игри и речиси сè друго. Тој е во Топ 10“, заклучи Роналдо.