Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ќе создадеме национална мрежа на четири нови клинички центри

„ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова на македонското здравство. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на целосна обнова на здравството, со квалитетни реформи и мерки кои ќе обезбедат повеќе квалитет, повеќе задоволни граѓани, повеќе здравје за секого. Се обврзуваме на обнова која ќе значи изградба на капитален проект за воспоставување национална мрежа на 4 нови клинички центри, што ќе подразбира нов квалитет во македонското здравство“, соопшти партијата.
ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за воспоставување интегриран систем од 4 клинички центри, и тоа:
Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’, универзитетскиот клинички центар ‘8 Септември’, којшто практично планираме да го трансформираме во клинички центар што ќе работи под административна капа на клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’. Воспоставување на Универзитетска клиничка болница Штип, што ќе опфати подигнување на нивото на сегашната болница. Воспоставување на Универзитетска клиничка болница Тетово. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека со овие 4 центри здравството ќе стане подостапно за граѓаните и ќе се спасат повеќе животи.
Се обврзуваме да смениме голем дел од работите и проблемите кои се наталожувани со години и децении. Ветуваме многу работа и достоинствени услови.По 12 април заедно ќе ги менуваме работите и заедно ќе се избориме за обнова која ќе значи повеќе стандарди, повеќе услуги и квалитет во здравството, ќе значи повеќе за секого. По 12 април, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира владата, ќе донесе обнова на државата врз основа на реални мерки. Обновата доаѓа и обновата победува“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.