Вести
ОН: Легализацијата на дрогите може да ја зголеми смртноста
Легализацијата на наркотиците би можела да ефектуира со зголемена консумација на дрогите и зголемен број на смртните случаи, предупреди Јуриј Федотов, челникот на Бирото на Обединетите нации за дроги и криминал (UNODC) со седиште во Виена, изразувајќи противење на препораката на невладините здруженија дека користењето на некои дроги, како канабисот, би требало правно да биде регулирано.
Во извештајот од септември, Глобалниот комитет за политика спрема дрогите препорача да се дозволат „експерименти со во моментов илегалните дроги на првано регулирачки пазари“, вклучително и канабисот и некои ткн психоактивни супстанции.„Новите експерименти се потребни за да се овозможи легален, но ограничен пристап до дрогите кои сега се достапни само на нелегален начин“, беше заклучено на Тркалезната маса која се одржа во понеделникот доцна попладнето со која претседаваше поранешниот бразилски претседател Енрике Кардосо, а на која учествуваше и поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан.Челникот на UNODC, Јуриј Федотов, пак, на прес-конференцијата доцна вечерта се изјасни против таквата препорака. „Верувам дека таквото експериментирање би ги направило наркотиците подостапни и поевтини. Тоа значи дека би можеле да се соочиме со зачестено консумирање на психоактивни супстанции, што може да резултира со зголемен број смртни случаи и патење на поединци и на нивните семејства“, рече Федотов.Рекламирани како „дизајнирани стоки“, овие психоактивни супстанции може да се произведат со незначителна модификација на молекуларната структура на контролираните дроги, со што се добива нова дрога со сличен ефект, но која може да ја заобиколи забраната на национално и на меѓународно ниво. Бројот ткн дизајнирани дроги – 251, го надмина бројот на контролираните наркотици – 234, покажува извештајот на UNODC.Употребата на овие дроги меѓу младите во САД е двојно повеќе распространета отколку во 28-те земји членки на Европската унија, каде што Велика Британија, Полска и Франција предничат според бројот на корисници на „дизајнираните наркотици“. Дизајнираните дроги се произведуваат во ткн улични или џебни лаборатории, со голем ризик, бидејќи невозможно е да се знае што се зема. Во широка употреба се наоѓаат под 1990-те години, особено GBH попозната како „дрога за силување“, екстази и халуциногениот „ангелски прав“, но секојдневно се појавуваат нови дроги. Станува збор за чисто хемиски дроги./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.