Забава
Шон Пен и Лејла решија да се појават заедно на добротворен настан
Тие се во врска уште од 2016 година.
Во неделата вечер Шон Пен (59) и девојката Лејла Џорџ (27) дојдоа заедно и позираа држејќи се за рака на настан во Лос Анџелес. Ова е едно од нивните ретки појавувања заедно на црвен тепих.
Тие симпатично се држеа за раце додека им позираа на фотографите на добротворниот настан Meet Me In Australia како дел од напорите за ублажување на последиците од огнената стихија во Австралија. Асоцијацијата на големата зоолошката градина на Лос Анџелес – Greater Los Angeles Zoo Association (GLAZA) – беше домаќин на настанот од хуманитарна природа.
Шон и Лелја беа облечени сосема едноставно, секојдневен џемпер, спортски патки… ништо гламурозно.
Шон почна да излегува со 32 години помладата Лејла откако ја преболе разделбата со Шарлиз Терон.
Лејла, родена во Австралија, е ќерка на актерот Винсент Д’Онофрио и актерката Грета Скачи.
Оскаровецот Шон Пен беше во брак со Мадона од 1985 до 1989 година, и со Робин Рајт од 1996 до 2010 година. Со Рајт имаат две деца – ќерката Дилан (28) и синот Хупер (26).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„На кој нормален човек би му текнало да се фотографира вака?“: Ким Кардашјан на удар на критики
Ким Кардашијан се најде на удар на критики откако позираше во атрактивно издание носејќи крст околу вратот.
Таа сними реклама за новата колекција на нејзиниот бренд Skims во соработка со Dolce & Gabbana. Носеше градник и боксерки кои ги спушти надолу. Следеа бројни негативни коментари.
„Ова е навистина непримерно“, „На кој нормален човек би му текнало да се фотографира вака?“, „Ја навредувате религијата. Невкусно е“, „Зошто секогаш носи крст кога е полугола?“, се некои од нив.
Забава
Тори Спелинг објави фотографии во бикини: „Покажав друга страна од себе“
Актерката и реалити ѕвезда Тори Спелинг на својот Инстаграм профил сподели носталгични моменти од минатото. Имено, таа објави стари фотографии кои се направени во октомври 2000 година, кога позирала за насловната страница на магазинот „Stuff“.
На една од фотографиите таа носи виолетово бикини, а објави и неколку други страници од тоа издание на магазинот, на кои исто така позира во различни костими за капење.
Во описот на објавата, Тори напиша: „Сакав да покажам дека добрата девојка, позната како Дона Мартин, сепак може да биде личност која го заснова својот живот на верата, семејството, добрината, моралните вредности, силата и промисленоста, но и поседува привлечност, прифатив сопствен стил и покажав поинаква страна од себе“.
Таа, исто така, објави страница од списанието на која е вклучено и нејзиното интервју, во кое зборува за нејзината кариера, предизвикувачките улоги и за нејзината витка фигура.
Забава
Ексклузивното музичко кабаре-шоу „Нина“ на 15 февруари во Скопје – љубов, љубомора, криминал и покајание
„Животот е ништо повеќе од шаховска партија. Таа секогаш се гледаше себеси како пион, сè додека судбината не ѝ понуди шанса да ја одигра играта како кралица.“
Денот на вљубените добива нова димензија кога на 15 февруари 2025, „Македонската опера и балет“, ќе блесне во светлината на ексклузивното музичко кабаре шоу „НИНА“ – спектакуларен перформанс, што го носи духот на Бродвеј и магијата на џез ерата директно во срцето на Скопје.
Фасцинантна приказна за обична девојка, која се соочува со избор – да продолжи да игра според правилата и да се бори со тешкотиите што животот ѝ ги наметнува или да и се спротивстави на судбината и да ја земе контролата во свои раце, по секоја цена. Љубов, љубомора, криминал, покајание – сето ова и многу повеќе ќе го видите во шоуто „НИНА“.
Гледачите ќе бидат маѓепсани од неочекуваните пресврти во приказната, детективските истраги, љубовните приказни и блескавите слики од холивудскиот живот. Шоуто ќе ве транспортира во гламурозната атмосфера на Бродвеј Кабаре, со сите негови раскошни костими, извонредна музика и стилски танцови изведби.
„НИНА“ е спектакл од големи размери и извонредно импресивно шоу од секој аспект. Благодарение на напорите на меѓународен тим професионалци, создадовме двокатна сцена со внатрешни лавиринти, обложена со големи ЛЕД екрани кои емитуваат специјално изработена видео содржина. Сценографијата што ќе ја сведочат гледачите е толку реалистична што во еден момент ќе ги почувствуваат ладните ветришта од затворската ќелија, во друг ќе се најдат како гости на најгласната свадба, а во третиот ќе ја почувствуваат удобноста на едно елегантно кабаре.
Кореографијата во шоуто „НИНА“ ќе ги изненади дури и најпребирливите гледачи со своите енергични групни точки, нежни дуети и акробации. Овој спектакл е вистински празник за сетилата, кој ќе ве држи во неизвесност од првата минута и нема да ве пушти до самиот крај!