Македонија
Наумов до Ставрески: Да не дозволиме цената да ја плаќаат идните генерации

Во интерес на граѓаните, а со цел да објасни зошто се спротивставува на аукциите на државни хартии од вредност со евизна клаузула, за шпекулативните пореметувања на девизниот пазар за кои смета дека не се потребни антиифлаторни мерки, дополнителниот заменик-миинистер за финансии, Кире Наумов, со отворено писмо му се обрати на министерот за финансии, Зоран Ставрески.
„Во изминатиот период главен камен на сопнување во комуникацијата и проблем за соработката помеѓу Вас, како министер за финансии и мене, како дополнителен заменик-министер за финансии, во интерес на граѓаните, согласно Договорот од 2јуни/15 јули, а подоцна преточен во последните измени на Законот за Влада, се задолжувањата на домашниот пазар на капитал.Почнувајќи од несогласувањата околу тоа дали задолжувањата во изборна година се финансиско прашање поврзано со организација на изборите, па се до постапката пред Управниот суд на Македонија за законитоста на одлуката на стариот состав на Државната изборна комисија. За жал, поради состојбите во македонското судство се уште нема правна разрешница по ова прашање, а како стојат работите сигурен сум дека ни во догледен период нема да има правосилна одлука“, вели Наумов во писмото.Смета дека, оваа состојба ги доведе клиентите на домашниот пазар на капитал во ситуација на правна несигурност и неизвесност. „Најмалку што сакам е да изнесувам претпоставки, но сигурен сум дека домашните финансиски институции многу сериозно во носењето на своите одлуки ги анализираат сите можни ситуации, вклучително и можноста Управниот суд да ја поништи одлуката на Државната изборна комисија за задолжувањата на домашниот пазар, а со тоа да биде ставена под знак прашалник законитоста на сите задолжувања од почетокот на годината. Цврсто сум убеден дека оваа ситуација можеше поинаку да се разреши. Односно на истиот начин како што беше издадена и Четвртата еврообврзница. Исклучиво во интерес на граѓаните, со обезбедена согласност помеѓу нас двајца како по однос на сумата, така и по однос на рочноста и каматата“, додава Наумов.Појаснува дека не ги оспорува аукциите на државни хартии од вредност, како законски и вообичаен инструмент за финансирање на временската разлика помеѓу приходите и расходите во Буџетот. “„Но, истовремено не можам да се согласам преку овој инструмент да се овозможува реализација на дефицитот на буџетската сметка со забрзана динамика, односно повторно да бидеме сведоци на „истурање на средства“ во предизборниот период, како во минатите изборни циклуси“, вели Наумов.Смета дека доколку ги усогласувале висината на задолжувањата, рочноста и каматата, немало да постои правна несигурност помеѓу клиентите на домашниот пазар на капитал и немало да постои никаков простор за сомнеж за можни потреси на стабилноста на домашната валута.„Дополнително, граѓаните и идните генерации ќе беа заштитени од нови непотребни задолжувања. Повторувам дека економските параметри во моментот не покажуваат никаква основа за девалвација на денарот. Но и Вие многу добро знаете дека во економијата се многу битни довербата и очекувањата. Затоа, доколку заеднички ја договоравме наредната аукција на државни хартии од вредност немаше да се согласам да бидат објавени аукции со девизна клаузула по ниедна цена. Ќе Ви предложев усогласено да објавиме зошто и во наредните две или три аукции нема да има проспекти со девизна клаузула. Тоа според мене е единствениот исправен пристап за да ги отфрлиме сите шпекулации во изминатите две недели и повторно да ја вратиме довербата на македонските граѓани во стабилноста на македонската валута. Така се брани економската стабилност“, вели Наумов.Според него, одлуката на гувернерот на НБРМ да ја зголеми каматата на благајничките записи, односно да пристапи со антиинфлаторни мерки за сузбивање на пореметувањата на девизниот пазар кои се само од шпекулативна природа е долевање масло на огнот. “Во комбинација со објавените проспекти за наредната аукција на државни записи кои се со девизна клаузула ценам дека довербата кон домашната валута дополнително се нарушува“, се вели во писмото.Додава дека шпекулативните пореметувања на девизниот пазар на кои сме сведоци изминатите две недели не се со интензитет и од размери за да се пристапи кон антиинфлаторни мерки, ниту пак се причина за објавување на аукции на државни записи со девизна клаузула.„Непочитувањето на обврските од Договорот од 2јуни/15 јули, го направи невозможно одржувањето на фер и кредибилни избори на 5.јуни, а со тоа разрешувањето на политичките состојби ќе се пролонгира се додека сите услови за нивно одржување не бидат исполнети. Сметам дека економската иднина на граѓаните не смее да биде загрозена по ниедна цена. Затоа очекувам дека и со дела, а не само на зборови ќе ставите крај на купувањето чоколади, кога се нема за леб. Да не дозволиме цената да ја плаќаат идните генерации“, завршува Наумов./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Дурмиши: Преку мерката за зелени инвестиции отворени се речиси 400 работни места во приватниот сектор

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, заедно со директорот на Агенцијата за вработување, Сељатин Бељули, и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, денеска го посети ресторанот „Ксантика“, кој е еден од успешните примери на зелени инвестиции и создавање нови работни места.
За време на посетата министерот истакна дека преку Мерката 8 – „Создавање нови работни места преку зелени инвестиции“, досега се отворени речиси 400 нови работни места во приватниот сектор.
„Досега 228 компании инвестираа во зелени решенија – фотонапонски панели, енергетска ефикасност и модерна опрема. Компаниите вложија над 200 милиони денари сопствени средства, што е повеќе од државната поддршка. Тоа покажува дека политиката на Владата не е само субвенција, туку катализатор за приватен капитал и за зелена економија,“ рече министерот Дурмиши.
Економија
УЈП: Инкасирани 2,3 милијарди денари или 37,4 милиони евра повеќе во буџетот споредбено со јули лани

Во јули 2025 година, Управата за јавни приходи оствари значителен раст на наплатата по основ на даноци и социјални придонеси за речиси 37,4 милиони евра во споредба со јули 2024 година.
Вкупната наплата од даноци (Данок на додадена вредност (ДДВ), данок на личен доход (ДЛД) и данок на добивка ДД) изнесува 14.344 милиони денари, односно приближно 233 милиони евра, што претставува рекордна месечна наплата досега.
По тој основ остварен е раст од 922 милиони денари или околу 15 милиони евра, што е раст од 6,9% во однос на јули 2024 година. Раст од 13,4% се бележи и кај социјалните придонеси, и по тој основ наплатени се 11.823 милиони денари (192,2 милиони евра), што е за 1.400 милиони денари (околу 23 милиони евра) повеќе наплатени средства од придонеси во споредба со истиот месец минатата година.
„Растот на приходите не е случаен – тој е резултат на зголемена економска активност, како и посветена работа, партнерство и доверба која Управата за јавни приходи постојано ја гради со даночните обврзници. Во изминатиот период, а во согласнст со законските надлежности, УЈП презеде низа мерки и е во постојан контакт со даночните обврзници и нивните овластени сметководители кои имаат пријавен, но ненаплатен долг за соодветниот даночен период. Целта е навремено подмирување на обврските и избегнување на блокада на сметки и дополнителни трошоци за присилна наплата“, велат од УЈП.
Во рамки на превентивните мерки, доставени се персонализирани пораки и известувања до обврзниците, со јасна порака за доброволно усогласување. Придобивката од овој пристап е јасна: се овозможува финансиска стабилност кај обврзниците, се избегнуваат санкции и се гради одржлива даночна историја, што директно придонесува за стабилни јавни финансии и позитивна деловна клима.
Економија
Потпишани договори за 828 проекти со 225 милиони евра преку капитални инвестиции

Со склучувањето на договорите за вториот повик од инструментот за капитални инвестиции, денес започнува нова фаза на големи вложувања во општините ширум Македонија, соопшти премиерот, Христијан Мицкоски.
Вкупната вредност на проектите изнесува 13,8 милијарди денари, односно околу 225 милиони евра, а се опфатени 828 проекти во различни области. Најголем дел од средствата, над 8 милијарди денари, ќе бидат инвестирани во инфраструктурата – патишта, мостови и локални врски.
Покрај тоа, во областа на животната средина ќе се реализираат 143 проекти со вкупна вредност од над 2,4 милијарди денари, кои се однесуваат на чиста вода, канализациски системи, управување со отпад и создавање нови паркови.
Во секторот образование, преку 48 проекти, ќе се инвестираат 1,6 милијарди денари за изградба и обнова на училишта и градинки, додека има и проекти поврзани со култура, спорт и социјална политика.
„Ова е најголемата инвестициска офанзива некогаш направена за општините, без партиски филтри и фаворизирања. Секоја општина што има проект добива поддршка,“ истакна Мицкоски.
Тој нагласи дека со овие инвестиции се гради еднаквост и пристап до квалитетен живот за сите граѓани, без разлика на нивната локација, и најави дека нема да се дозволи запоставување на ниту еден регион.
Со склучените договори и веќе започнатите проекти, Мицкоски ја опиша оваа иницијатива како конкретен чекор кон подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот во Македонија, која според него од хартија преминува во реалност.