Македонија
Средба Заев – Шутц: Нема друга алтернатива освен членство во ЕУ
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во Скопје оствари средба со Сузана Шутц, одговорна во федералната канцеларија на Министерството за надворешни работи на Германија за Југоисточна Европа, Турција и земјите од ЕФТА.На средбата стана збор за интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ и во НАТО, регионалната соработка на Балканот, како и за претстојните парламентарни избори во земјата.
Заев на средбата со Шутц се заблагодари за континуираната поддршка од Германија на сите нивоа за евро-атлантската интеграција на државата и нагласи дека членството во НАТО, покрај стабилност и безбедност во земјата, донесе и инвестиции и економски развој.
„Веруваме во европските вредности, и покрај разочарувањето што го доживеавме во октомври, продолжуваме да се бориме за нив“, истакна Заев, додавајќи дека нашата земја е добар пример како за кус период се решаваат децениски проблеми и очекува позитивен сигнал, охрабрување од Европската Унија во март.
Нашето место е во ЕУ, нагласи Заев, додавајќи дека исполнивме сè што беше побарано од нас и повеќе – ги завршивме реформите на судскиот систем, безбедносниот систем, јавната администрација, покажуваме успех во борбата против корупцијата, ја јакнеме регионалната соработка, градиме мултиетничко и рамноправно општество со еднакви права и обврски за сите граѓани.
Дека нема алтернатива за Западен Балкан и за Република Северна Македонија, освен членство во Европската Унија се согласи и Сузана Шутц, одговорна во федералната канцеларија за Југоисточна Европа, Турција и земјите од ЕФТА, во Министерството за надворешни работи на Германија, нагласувајќи дека нема да биде лесно, но изрази надеж дека ЕУ ќе постигне консензус и оти позитивните сигнали нема да изостанат.
Шутц му честиташе на Заев, кој заедно со поранешниот грчки премиер е добитник на Меѓународната награда за мир на Вестфалија, со која на двајцата државници им се оддава признание за преспанскиот договор за решавање на спорот за името.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Државна лотарија предупредува: нелегални платформи го злоупотребуваат името и логото
Нелегални интернет платформи неовластено го користат името и логото на Државна лотарија
Државна лотарија ги повикува сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при изборот на интернет платформи и да учествуваат исклучиво преку официјалните канали на Државна лотарија, со цел да се заштитат од можни злоупотреби, односно, да учествуваат во игри на среќа, кои се транспарентни, регулирани и одговорно приредени.
Државна лотарија, како единствено овластено друштво за приредување игри на среќа во Република Северна Македонија, ја информира јавноста дека исклучиво таа има законско право да приредува лотариски, инстант лотариски и интернет игри на среќа на територијата на државата.
Секоја појава на трета страна, како што се додава, која неовластено користи визуелни елементи, лого или други обележја што претставуваат интелектуална сопственост на Државна лотарија, претставува нелегално користење и кршење на законските прописи, со што се доведува во заблуда јавноста и се нарушува довербата во легалниот систем за игри на среќа.
Македонија
Животните заслужуваат правда: Здруженијата за заштита на животните со иницијатива за укинување на мерката за еутаназија на кучиња со лајшманиоза
Здруженијата за заштита на животните од целата држава имаат со иницијатива за укинување на мерката за задолжително тестирање и автоматска еутаназија на бездомни кучиња со лајшманиоза.
„Ние, здруженијата за заштита на животните од целата држава, заедно ја поднесовме оваа иницијатива пред повеќе од еден месец, со јасно барање – итно укинување на мерката за задолжително тестирање и автоматска еутаназија на бездомни кучиња со лајшманиоза, пропишана во точката 6.2 од Годишната наредба за здравствена заштита на животните“, појаснуваат во соопштението.
Оваа мерка, додаваат, е морален, научен и институционален пораз.
Таа, како што информираат, дозволува убивање на здрави животни под изговор на „заштита“, без никакво јавно-здравствено оправдување.
„Наместо превенција и контрола на векторите – единствениот вистински начин за справување со болеста, државата со години го избира најлесниот и најсуров пат: уништување на живот.
Од нејзиното воведување, мерката по инерција се повторува секоја година, без никакви резултати, легитимира убивање, служи како параван за трошење јавни средства и претставува смртна пресуда за илјадници здрави, мирни бездомни животни.
Ниту една земја од ЕУ не спроведува ваква пракса, ни оние со висока ендемичност како Грција, Италија или Шпанија. Светската здравствена организација, ECDC и CDC јасно укажуваат дека лајшманиозата не се пренесува од куче на човек, туку преку песочни мушички.
Значи, не убивањето, туку превенцијата е одговорот.
Покрај тоа, мерката е длабоко неправедна и дискриминаторска – се применува исклучиво врз бездомни животни, додека сопственичките остануваат надвор од системот. Тоа е двоен стандард, медицински апсурд и цивилизациски срам“.
Бараат надлежните институции итно да ја укинат оваа мерка и да воведат современ, хуман и европски модел за справување со лајшманиозата – преку превенција, лекување, згрижување и вдомување, а не ликвидација.
Ова прашање, оценуваат здруженијата, одамна го надминува полето на ветеринарната политика.
„Ова е прашање на вредности, морал и наука — затоа што мерка што медицински и научно е нелогична не може да биде оправдана ниту законски, ниту човечки.
Дали сакаме држава што убива, или држава што штити?
Македонија може подобро, а животните заслужуваат правда.
Македонија
Арсовска: Како ќе функционира ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во следните пет дена – прашајте го премиерот Мицкоски
„Како ќе функционира ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во следните пет дена прашајте го премиерот Мицкоски кој лично од својот кабинет го наредува овој хаос кој воедно и го најави како интересна разврска на прес конференција непосредно пред да се случи“, вели актуелната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска.

„Го повикуваме премиерот Мицкоски кој има своја претседателка на Управен одбор од ВМРО која воедно е и осуден криминалец за 2 кривични дела во 2006 и 2022 година, да го повика Управниот одбор на Комунална хигиена Скопје согласно член 24а став 2 од Законот за јавни претпријатија во случај да донесе одлука за разрешување на директорот и согласно став 3 од истиот член да именува вршител на должност на претпријатието.
Мицкоски го тероризира градот со своето режимско и диктаторско владеење преку својот Управен одбор, злоупотребувајќи ги институциите и полицијата да сее страв и да врши репресија пред избори.
Го прашуваме директно и базирано врз доказите кои граѓаните секојдневно ги изнесуваат во јавност:
1. Дали е приведен директорот на Јавното комунално претпријатие Тетово за еко хаваријата што ја предизвика со отпадот во Вардар и зошто не?
2. Дали е приведен директорот на Јавното комунално претпријатие Гази Баба за еко хаваријата што ја предизвика во Јурумлери со отпадот кој го фрла сред природа со општински камиони и зошто не?
3. Дали е приведен директорот на JП Чистота и зеленило Куманово за еко хаваријата што ја предизвикува секојдневно со отпадот низ Куманово и зошто не?
Или таму РЕЖИМСКИОТ ДИКТАТОР Мицкоски не дал наредба да се апси?“, прашува Арсовска, преку соопштението објавено и на социјалните мрежи.

