Македонија
Пендаровски: Време е државите од регионот да дадат придонес за заеднички европски политики и стратегии
Претседателот Стево Пендаровски во Велес се обрати на неформалниот собир на учесниците на третиот тинк-тенк форум „Стимулирање стратешка автономија – придонесот на Западен Балкан за заедничката европска иднина“.
На собирот, на кој присуствуваше и бугарската министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, Пендаровски изрази поддршка за активностите на тинк-тенк организациите од Западен Балкан и нивните напори да го движат регионот напред.
Според претседателот, покрај исполнувањето на реформската агенда во функција на евроинтегративниот процес, дојдено е време кога државите од регионот треба да дадат придонес и за заедничките европски политики и стратегии.
На собирот Пендаровски го нагласи значењето на договорот од Преспа и договорот за добрососедски односи и соработка со Бугарија како за земјите потписнички така и за целиот регион.
„Двата договора се силен придонес за иднината на регионот“, истакна претседателот, според кого европската интеграција почнува од нас самите преку почитување на европските вредности, борбата против корупцијата, владеењето на правото, слободата на говор и демократијата.
Пендаровски го реафирмира очекувањето дека набргу ќе биде донесена новата методологија за водење на пристапните преговори и ќе биде донесена одлука за почеток на преговорите.
На учесниците на тинк-тенк форумот претседателот Пендаровски им посака успешна работа и продуктивна дебата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

