Вести
Масовно сопирање на летовите кон Израел

Многу европски воздухопловни превозници, по минатонеделната трагедија со малезискиот авион во источна Украина, во вторникот донесоа одлука да ги сопрат сите летови кон Израел поради воените операции во палестинската енклава Појасот Газа и ракетирањата од неа кон израелската територија, откако претходно тоа го сторија американските компании „Delta“, „US Airways“ и „United Airlines“.
Француската компанија „Air France“ потврди дека таквата одлука е донесена по падот на палестинска ракета во близина на меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ крај Тел Авив при што беа ранети две лица, додавајќи дека на самото место одблизу се следи ситуацијата. И најголемата германска авиокомпанија „Lufthansa“ објави дека во следните 36 часа ќе ги сопре летовите кон Тел Авив, а откажување на летовите кон оваа дестинација објавија и „Germanwings“, „Austrian Airlines“ и „Swiss division“.И холандската авиокомпанија KLM објави дека поради тешката безбедносна ситуација го откажала летот во вторник меѓу Амстердам и Тел Авив, а белгискиот авиопревозник „Brussels Airlines“ ги откажа летовите во вторник навечер едени и во среда трите кон Тел Авив. Иста одлука донесе и канадската компанија „Air Can Европската агенција за безбедност во воздушната пловидба ја објави препораката за европските авиопревозници до новата одлука да го прекинат целиот патнички сообраќај кон Израел.Масовното откажување на летовите беше покрената американската Сојузна управа за цивилна авијација (FAA) којашто претходно во вторникот има забрани на американските транспортери 24 часа да летаат во Израел и од него. „Поради потенцијалната опасна ситуација поради вооружениот судир во Израел и во Газа, сите летови на американските компании кон меѓународниот аеродром ‘Бен Гурион’ и од него се забранети до новата одлука“, објавија од FAA.Компаниите „Delta“, „US Airways“ и „United Airlines“ повеќето летови кон Израел го откажаа и пред објавувањето на забраната од FAA, а „Delta“ дури пренасочи еден авион во текот на летот, кои со 290 патници од Њујорк речиси веќе пристигна до Тел Авив, и му нареди да се врати на парискиот аеродром „Шарл Дегол“.Причината којашто сите компании ја наведуваат како пресудна за носењето на одлуката за прекинот ан воздушниот сообраќај со Израел е неможноста да им ја гарантираат безбедноста на своите патници и персоналот откако ракетата истрелана од Појасот Газа во вторникот претпладнето падна многу близу телавивскиот аеродром. „„Една куќа е оштетена во вторникот утрото во удар на ракета во областа Киријат Оно Јехуд, неколку километри северно од аеродромот“, соопшти израелската полиција. „Израелскиот министер за сообраќај Израел Кац вечерва телефонски ги контактираше американските воздухопловни компании за да им објасни дека полетувањето и слетувањето на аеродромот ‘Бен Гурион’ не претставува безбедносен проблем, ниту за авионите, ниту за патниците. Нема никаква причина американскиот авиопревозници да ги сопрат летовите и да потклекнат пред тероризмот“, изјави во вторникот навечер портпаролот на израелската служба за цивилен воздушен сообраќај./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.