Вести
Осум шиитски муслимани убиени во напад во Пакистан

Осум муслимани од шиитското конфесионално малцинство се убиени во четвртокот во нападот врз нивниот автобус на пазар на периферијата на градот Квета, административниот центар на покраината Балучистан, којашто долг период наназад е зафатена од секташко насилство, објави локалната полиција, а во напад врз воено возило загинале уште две лица а 12 биле ранети.
Нападот го извршиле двајца вооружени мажи кои потоа побегнале. Пакистанската телевизија Dawn во извештајот забележува дека до нападот доаѓа во наближувањето на муслиманскиот месец Мухарама кој настапува овој викенд, кој традиционално е одбележан со многубројни процесии на припадниците на шиитската заедница. Ти процесии редовно се цел на нападите на сунитските екстремисти во Пакистан.
Во четвртокот наутро „девет шиити од едничката група хазара седеле во задниот дел од автобус кога двајца мажи отвориле оган врз нив од автоматско оружје. Осум шиити загинале а еден е ранет“, изјавил Имран Куреши, висок службеник на локалната полиција и притоа истакнал дека повеќето жртви се убиени со куршум во главата.
Началникот на локалната полиција Абдул Разак Шема за AFP ја потврдил оваа верзија на настанот и податоците за настраданите.
Телевизијата Dawn јави и дека во Квета малку по оовј напад загинале уште две лица и други 12 биле ранети. Неидентификувани напаѓачи отвориле оган од автопатско оружје, откако прво предизвикале силна ексоплозија со миниран мотоцикл. Цел на нападот било возило на пограничниот корупс на пакистанската армија.
Припадниците на малцинската шиитска заедница Хазара се често цел на нападите на сунитските екстремисти, и нив често на верски празници и заштитуваат припадниците на безбедносните сили. Засега никој не ја презема одговорноста за овој напад, претходно се случуваа меѓусекташки судири за кои одговорноста ја преземаа радикалните сунитски групации. .
Богатата пакистанска покраина Балучистан е сцена на секташко насилство против шиитите кои покрај историската нетрпеливост од страна на сунитите кои ги сметаат за неверници, од 2004 година ги обвинуваат и за сепаратизам./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.