Контакт

Вести

Убиецот од Орегон се подготвувал за долга престрелка со полицијата

Објавено пред

Крис Харпер Мерсер, кој отвори оган во четвртокот на Колеџот Умпква во американскиот град Рузберг, во сојузната држава Орегон, бил добро вооружен и се подготвувал за долга престрелка со полицајците.

dobivaj vesti na viber

Како што пишуваат во петокот американските медиуми повикувајќи се на полициски извори, 26-годишниот Мерсер имал панцирен елек, пушка, три пиштола и големо количество муниција. Не се прецизира дали успеал да го облече заштитниот елек и дали го искористил целиот арсенал/

Според досегашните сознанија, Мерсер отворил оган во делот од зградата на колеџот во кој се наоѓале наставните лаборатории. Влегол во неколку училници и ги застрелал лицата кои биле во нив.

Како што соопштија за медиумите очевидци и роднина на жртвите, напаѓачот под закана со оружје ги принудувал некои од учениците да му одговорат од која религија се. Како што истакнаа медиумите, оние коишто одговориле дека се христијани Мерсер го застрелал во главата. Сепак, засега нема официјална потврда на овие информации.

На прес-конференцијата шерифот Џон Хенлин изјави дека во нападот се убиени 10 лица, вклучително и самиот напаѓачот. Седум луѓе уште се ранети, од кои тројца се во критична состојба. Мерсер беше убиени во престрелката по пристигнувањето на полициските службеници на местото на настанот, но меѓу нив нема ранети.

Според локалните медиумите, Мерсер живеел во Роузбург, но не учел во споменатиот колеџ. Сé уште не е утврдено дали тој имал некаква врска со оваа образовна институција. „Тој рече дека е многу лут на еден млад човек, полн со омраза“, изјавил еден од припадниците на полицијата за новинарот на весникот The News York Times.

Оние кои го познавале Мерсер, исто така, велат дека кај него била забележлива недружељубивоста, и ретко контактирал со луѓето. Полицијата сé уште води распити на блиските роднини на убиецот, за да ги разјасни мотивите кои го воделе до извршувањето на масакрот. Според медиумите, полицијата особено се концентрирала на верзијата дека ден пред нападот тој тоа го најавил на популарниот интернет форум 4chan.org., каде што бил поттикнуван и од други корисници.

Мерсер, наводно, анонимно напишал дека во една образовна институција наскоро ќе се случи некаков инцидент кој ќе му овозможи да го привлече вниманието на медиумите и „да се најде во вестите“. Истражните органи оваа информација, исто така, сé уште не ја потврдуваат.

За инцидентот веднаш бил информиран претседателот Барак Обама, соопшти Белата куќа, кој подолг период се залага за заострување на американските закони за набавка и носење оружје, како негова иницијатива по серијата масовни убиства. Обама веднаш го повика Конгресот да се согласи со воведување на построгата контрола над огненото оружје во САД. Американскиот челник констатираше дека сличните инциденти како овој стануваат вообичаена појава во земјата оти оружјето во земјата е свртено речиси кон секој човек во земјата.

Обама веќе подолго време се залага за воведувањето построги мерки за контрола на трговијата и поседувањето на огнено оружје. Сите негови иницијативи во оваа насока наидуваат на отпор од припадниците на Републиканската партија во Конгресот, како и од влијателната Национална пушкарска организација, која е главната организациона структура на „лобито за оружје“ во САД.

Весникот The Huffington Post во петокот пресмета дека во текот на последните три години во образовните институции ширум САД, повеќе од 140 пати бил отворен оган од огнено оружје.

Од декември 2012 година, од трагедијата во Њутон, во сојузната држава Конектикат кога беа убиени повеќе од 20 деца од 6 до 10-годишна возраст, во образовните институции низ САД 142 пати било пукано, односно во просек еднаш седмично. Според весникот, само во септември годинава употреба на огнено оружје во училиштата е регистрирано во Калифорнија, Луизијана, Мисисипи, Северна Каролина и Јужна Дакота./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија4 часа

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија6 часа

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија6 часа

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ8 часа

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија8 часа

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет9 часа

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет10 часа

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ11 часа

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија12 часа

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет12 часа

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа13 часа

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет13 часа

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...

Македонија1 ден

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија1 ден

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија1 ден

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ1 ден

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет1 ден

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија2 дена

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...