Македонија
Автобусите на ЈСП од утре сообраќаат по редуциран возен ред
Од утре автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по редуциран возен ред, идентичен на возниот ред кој важи за време на зимски, односно летен училиштен распуст. Редуцираниот возен ред е согласно актуелната состојба со коронавирусот, намалениот број на корисници на јавниот превоз и една од мерките, препораки за превенција од ширење на вирусот.
Редуцираниот возен ред ќе важи во наредните две недели, односно до наредните препораки од надлежните институции. ЈСП Скопје апелира до граѓаните за рационално користење на јавниот превоз, а истовремено потсетува дека сите возила на ЈСП Скопје уште од пред десетина дена се подложни на дополнителен третман на дезинфекција.
„Секое возило, независно дали сообраќа цел ден на одредена линија или се вклучува еднократно, е подложно на дополнителна дезинфекција, како една од превентивните мерки од коронавирусот. Возилата се дезинфицирааат со распрскување на соодветни средства на база на алкохол и дезинтал 10%, а се врши и рачна дезинфекција на одделни делови од возилото како ракодржачи и слично. Секое возило се третира со дополнителната дезинфекција еднаш, пред вклучување на линија или потоа, зависно од динамиката и распоредот на сообраќање во јавниот превоз.
Инаку, редовна внатрешна дезинфекција на автобусите се врши секојдневно преку т.н. редовна дневна нега (чистење, миење) на возилата. Притоа, возилата се третираат со соодветни еколошки средства кои имаат дезинфекциско својство. Секое возило, пред да се пушти во сообраќај, е подложно на дневна нега“, велат од ЈСП Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

