Македонија
(Видео) Манчевски: Ако приватниот сектор не ги почитува мерките, предвидена е казна
Превентивните мерки што ги издаде Владата со цел да се спречи ширењето на коронавирусот се јасни и треба да се почитуваат, но не треба да се злоупотребуваат, вели министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. Тој појаснува зошто не важат мерките за отсуство од работа на родителите на децата од претшколска возраст чии деца не одат во градинка и што точно им се препорачува на работодавците во приватниот сектор.
„Препораките се јасни и тие во овој момент се превентивни. Децата од претшколска возраст кои не одат во градинка и се згрижени на друг начин сами по себе не се ризична категорија затоа што не се дел од група. Нема потреба нивните родители да бидат ослободени од работа, бидејќи како и досега тие можат да ги згрижат на истиот начин. Потврдите што ќе ги издаваат училиштата и градинките ќе бидат само за еден родител и ќе треба да ги обезбедат до крајот на месецот кога ќе се подготвува платата, така што има доволно време за издавање на истите“, вели Манчевски.
Што се однесува до тоа дека препораките треба да ги почитуваат и работодавците во приватниот сектор, стои јасно дека за неодговорност и за последици следува казна.
„Ние не сме во вонредна состојба и не можеме да издаваме наредби кон приватниот сектор за да ја почитува мерката да ослободи родител на дете до 10 години, но јасно се укажува дека ако мерките не се почитуваат и има последици од истите следува казна затвор“, вели Манчевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато
Движењето на возилата по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)

